4 летни закони за одржување хигиена на вашите интимни делови

4 летни закони за одржување хигиена на вашите интимни делови

Поради зголеменото потење и топлината, вашите интимни делови во текот на летото бараат подобро и повнимателно одржување на хигиената. Токму затоа држете се до следниве 4 закони за хигиена и свежина таму долу со цел да можете опуштено да уживате во летните и топли денови.

4 летни закони за одржување хигиена на вашите интимни делови

1. Користете сапун без миризба

Благодарение на способноста на вагината сама да се чисти, најдобро би било доколку ја миете само со обична вода. Но, доколку сакате да додадете дополнителен начин на чистење, користете само неутрален сапун, односно оној кој нема мирис. Вагината не смее да се мие од внатре бидејќи на тој начин се отстрануваат и здравите бактерии кои ја штитат од полово преносливи болести, воспаленија и други видови инфекции. Доколку чувствувате непријатен мирис кај вагината, веднаш обратете се кај вашиот гинеколог.

2. Внимателно одбирајте ја долната облека

Гаќичките од чипка, сатен и синтетика би требало да ги избегнувате во текот на целото лето. Овие модели ја задржуваат влагата, поради која најчесто под влијание на топлината може да настане габична инфекција. Најдобриот избор за летни гаќички се оние кои се направени од 100% памук бидејќи ѝ овозможуваат на кожата да дише и не ја задржуваат влагата. Исто така, не седете долго време во облека која е мокра од вежбање или пак, во мокри костими за капење по пливањето.

3. Користете добри интимни марамчиња

Секогаш покрај себе имајте еден пакет интимни влажни марамчиња со цел да можете да се освежите. Купете ги оние марамчиња кои се целосно природни, кои не содржат алкохол и кои се биоразградливи.

4. Справете се со внатрешните влакненца

Една од несаканите последици од депилацијата со восок е зголемената склоност кон внатрешните влакненца, кои ниту една жена не ги сака во својата бикини зона. За да ја спречите нивната појава, направете пилинг на кожата 2 дена по депилацијата. Користете го оној пилинг кој содржи само природни состојки, а по неговата употреба на сува кожа нанесете препарат против внатрешни влакненца чија цел е да ја смири кожата и дополнително да ја намали нивната појава.

Доколку сепак ви се појават, не се обидувајте да ги извадите. Бактериите на вашите раце можат да направат повеќе штета отколку добро, така што ќе ве изложат на голем ризик од инфекции и лузни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар