4 ладни салати со тестенини

4 ладни салати со тестенини

Разгледајте ги овие неколку рецепти за салати со тестенини кои се многу вкусни кога се ладни, а и брзо ќе ве најадат.

Салата со тестенини, домати, тиквички и сирење

4 ладни салати со тестенини

Потребни состојки за 6 порции:
  • 400 грама тестенини
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лимон (или повеќе ако сакате)
  • 300 грама шери домати, исечкани на половинки
  • 2 тиквички, исечкани на коцки
  • 200 грама изронето фета сирење
  • магдонос
  • сол и бибер
Начин на подготовка:

Сварете ги и исцедете ги тестенините. Додајте им маслиново масло цеден сок и рендана кора од еден лимон, сол и бибер. Измешајте, а потоа додајте ги тиквичките, доматите, магдоносот и фета сирењето. Измешајте уште еднаш и оставете ја салатата во фрижидер неколку часа.

Салата со тестенини, песто и грашок

4 ладни салати со тестенини

Потребни состојки за 4 порции:
  • 300 грама тестенини
  • 200 грама замрзнат грашок
  • 50 грама босилек или нане
  • Едно големо чешне лук, исечкано
  • 50 грама пармезан
  • 3 лажици испржени јаткасти плодови
  • 3 лажици сок од цеден лимон
  • 100 мл маслиново масло
  • Сол и бибер
Начин на подготовка:

За да го направите песто сосот, во блендер ставете ги босилекот, лукот, јаткастите плодови, пармезанот, и лимонот. Убаво изблендајте, а потоа додајте го маслиновото масло и сол и бибер по вкус. Потоа во голем сад ставете ги подготвените тестенини, грашокот и сосот. Добро измешајте и оставете во фрижидер за добро да се олади.

Салата со тестенини, краставици и фета

4 ладни салати со тестенини

Потребни состојки за 4 порции:
  • 300 грама тестенини
  • 2 лажици маслиново масло
  • Сок и кора од еден лимон
  • Една голема краставица, исечена на коцки
  • 50 грама изронето фета сирење
  • Една лажица нане
  • Една лажица магдонос
  • Сол и бибер
Начин на подготовка:

Сварете ги тестенините и само додајте ги сите состојки. Измешајте и оставете во фрижидер за да се излади.

Салата со тестенини и крем од авокадо

Потребни состојки за 2 порции:
  • 250 грама сварени тестенини
  • Половина презреано авокадо
  • Половина лимон (или повеќе, зависно од вашиот вкус)
  • 5 ливчиња нане
  • ½ лажица сол
  • ½ лажица бибер
  • ½ лажица маслиново масло
Начин на подготовка:

На една страна згответе ги тестенините, а на друга во блендер ставете ги сите останати состојки и мешајте додека добиете хомогена смеса. Потоа само додадете го сосот врз тестенините, добро измешајте и изладете во фрижидер.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар