4 комбинации совршени за есенски состаноци
Есенската гардероба може да биде навистина скапа. Зборуваме за јакни, чизми, марами и џемпери, што по крајот на летото доаѓа како потешкотија на личниот буџет.
Есента е романтична сезона, па доколку се подготвувате за состанок еве како може да изгледате прекрасно без да потрошите многу пари на облека.
1. За пладневен состанок
Доколку со вашиот партнер или потенцијален иден партнер имате пладневен состанок, еве како да изгледате чик без да изгледа дека сте вложиле многу труд во својот изглед. Искомбинирајте летно фустанче, дебели хулахопки (доколку сте смели и сакате по малку екстравагантност може хулахопките да бидат во впечатлива боја различна од боите на фустанот), чизмички до глужд и марама. Доколку денот е поладен може да одберете и тексас палто или кожна јакна.
2. Уличен стил
Доколку по природа не сте личност која сака луксуз туку преферира опуштеност, искомбинирајте широки фармерки и обична еднобојна маичка. Продолжете со долга туника или наметка, или пак џемперче доколку е поладно. Плетеното капче и ниските чизми совршено го завршуваат изгледот.
3. Елегантност за формалните состаноци
Спротивно на претходната комбинација, еве како да ја истакнете вашата женственост и чувство за префинетост. Овој изглед во основа е минималистички, еднобојна долга сукња и маичка на прерамки. Но, префинетоста е во деталите. Одберете темен лак за нокти во впечатлива боја и големо парче накит како впечатливо ланче кое е совршено за оваа пригода. За обувки може да одберете ниски сандали или пак затворени балетанки доколку температурите се пониски.
4. Спортски состанок
Можеби на вашиот прв состанок ќе одите на натпревар, и се разбира целиот изглед е поопуштен, но сепак важно е да се чувствувате добро во своја кожа. Тесни фармерки и обична црна блуза со долги ракави се одличен избор за оваа пригода. Одберете спортско капче, еднобојна марама и патики со принт.