4 јасни знаци дека вашата врска е далеку од совршена
Без разлика колку компромис и попустливост бара љубовта кон некои навики на партнерот, постојат работи кои едноставно не треба да ги толерирате. Се разбира, не сте само вие личноста која трпи нешто бидејќи и вие сте склони кон грешки кои партнерот можеби ви ги простува. Но доколку некои ситуации постојано се повторуваат, не треба да живеете во заблуда дека вашата врска е совршена. Ова се знаците што покажуваат дека помеѓу вас и вашиот партнер постојат многу проблеми.
1. Вашите потреби ви се подеднакво важни
Здравата врска подразбира и на двајцата да ви биде убаво и заедно да уживате во неа. Па, немојте да ги ставате потребите на партнерот пред вашите, односно немојте постојано да го правите тоа. Врската е терен на кој и двете страни треба подеднакво да уживаат. Доколку партнерот е вашиот приоритет, треба и вие да бидете негов. Во спротивно не би требало да бидете пар, бидејќи кога сте сами, секој си е свој приоритет.
2. Партнерот не стои зад неговите зборови
Можеби ги решавате сите проблеми со мирен разговор. Кога ќе му кажете на партнерот каде погрешил, тој можеби ви ветува дека тоа нема да се повтори, но ова секогаш се само празни ветувања. Ова е ситуација којашто ќе ви помогне да сфатите дека вашиот партнер не е личност којашто си стои на зборот. Со него не можете да ја планирате заедничката иднина.
3. Секогаш имате оправдување за постапките на партнерот
Наместо постојано да барате оправдување за неговото сè почесто несоодветно однесување, време е да кажете доста и да му дадете до знаење каде греши. Ако партнерот не е подготвен да се обиде да ги промени лошите навики со цел да ја подобри врската, тоа значи дека не му е многу грижа за вас и дека смета дека тој е најважен.
4. Повеќе немате самодоверба
Кога сте во здрава и среќна врска ќе блескате со самодоверба. Но, лошата врска има целосно спротивно влијание на вас. Доколку врската во којашто сте не ви одговара, потребно е за вашата, но и за среќата на партнерот да ставите крај.
Нема потреба да се лажете дека сте во среќна врска кога всушност не сте. Најважно е да се почитувате и да се сакате себеси. Што побрзо свртите нова страница, толку побрзо ќе ви се пружат нови можности за среќа.
Погледнете и кои се проблемите во врската што едноставно не можете да ги решите.