4 изненадувачки факти за моќта на извинувањето

4 изненадувачки факти за моќта на извинувањето

Сите правиме грешки во животот. Некогаш тие грешки ги повредуваат луѓето кои најмногу ни значат. Често не сме ни свесни дека сме ги повредиле, бидејќи воопшто не ни било тоа намерата. Можеби во некои вакви ситуации посакувате да можете да го вратите времето назад и да го повлечете тоа што сте го кажале или направиле, а создало дупка во срцето на некој од најблиските. Невозможно е да се вратите во минатото и да ја промените сегашноста, но постои нешто што можете да направите за да ја поправите ситуацијата и да ја ублажите нанесената болка. Извинете се! Не е сложено. Треба да најдете понизност во себе, па дури и храброст, но придобивките ќе натежнат над непријатноста што можеби ја чувствувате секогаш кога треба да се извините.

4 изненадувачки факти за моќта на извинувањето

Многу истражувања имаат покажано дека извинувањето е навистина корисно и има мерлив ефект. Тоа има моќ да го претвори копнежот за одмазда во желба за простување и заборавање. Само ова е доволно за да почнете да го практикувате, но еве уште 4 многу добри причини за тоа.

1. Покажува дека поседувате внатрешна сила

Извинувањето покажува дека вие раководите со своите дела, а не реагирате бидејќи сте заплашени од оние на кои треба да им се извините. Да не се извините кога знаете дека сте направиле нешто со што сте повредиле друга личност е знак на слабост и недостаток на храброст. Од друга страна, кога некој што ве повредил ќе ви се извини вас, прифаќањето извинување, без да има потреба од молење за прошка, ја покажува вашата голема хуманост. И во двата случаи, и давањето и прифаќањето извинување имаат бенефит за двете страни.

„На патот кон возрасниот живот, учиме дека извинувањето не е понижување и деградирање на себеси. Всушност, причината поради која се извинуваме е да направиме личноста која намерно или ненамерно сме ја повредиле да се чувствува подобро, не за да се чувствуваме ние самите подобро. Извинувањето значи ‘Знам дека те повредив со моето однесување и затоа ми е важно да направам нешто’“, вели истражувачот Тајлер Окимото.

2. Добро е за срцето

И тоа на повеќе начини. Носењето на товарот што доаѓа со инатењето може лошо да влијае на вашето здравје. Дел од давањето и примањето извинување е простувањето на другата личност. Извинувањето може да ја ослободи личноста од чувствата на лутина и да ѝ го подобри здравјето и благосостојбата.

Д-р Џозеф Нуман вели: „Кога лекував пациенти со кардиоваскуларна болест, бев изненаден од тоа колку од нив беа огорчени, лути или депримирани. Очигледно тоа имало влијание на нивното здравје и нивната способност да се опорават.“

3. Носи мир во врските

Сигурно сте биле на некоја фамилијарна средба на која двајца од присутните си држат лутина меѓу себе. Тоа е непријатно за сите и може да им го расипе расположението. Животот е премногу краток за да дозволуваме инатот да ги уништува фамилиите. Ако сте навредиле некого, препознајте ја вашата улога во тоа, признајте ја вашата вина и извинете се. Правејќи го тоа може да постанете херој во фамилијата за кој сите ќе знаат дека го вратил мирот во односите.

Слично е и во другите врски. Истражувачите откриле дека во бизнис врските поверојатно е луѓето да се смират со личноста која им згрешила нешто доколку добијат искрено извинување од неа. Ова е особено точно ако оној кој ги навредил преземе и вина за она што го направил. Понудете пријателска рака и дадете извинување од срце.

4. Ве прави повнимателни во односите со другите

Препознавањето на тешките ситуации кои им претходат на извинувањата ве прави посвесни за тоа колку лесно луѓето можат да бидат повредени од непромислените постапки или зборови. На тој начин секогаш сте подготвени да реагирате со цел да избегнете повредување на другите. Не можеме да контролираме како другите ќе реагираат, но можеме да се потрудиме да ја избегнеме горчината во нашите животи. Понудувајќи извинување кога е потребно, придонесувате тоа да биде така.

Способноста за извинување е вредна карактеристика за поседување. Ако тоа не е нешто што го правите, обидете се – ќе се изненадите колку мир во животот ќе ви донесе. Сетете се дека немате корист доколку им судите на луѓето, но ако простувате и барате прошка во животот, тоа ќе ви донесе многу придобивки и вас и на луѓето околу вас.

Погледнете ги и овие 4 видови извинувања и сè што треба да знаете за нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар