4 искрени прашања кои треба да си ги поставите ако сакате да се движите напред во животот
Ако постои еден принцип што може да ви го промени животот и до кој треба да се држите, тоа е да бидете искрени со себе. Без разлика дали сте изгубиле пријател, дошол крајот на некоја врска или се случило нешто големо, многу често луѓето се чувствуваат изгубено и збунето. За да се вратите на нозе, треба да си поставите неколку прашања.
Овие прашања, откако внимателно ќе ги анализирате, ќе ви дадат увид и начин да се соочите со вистините кои ќе ве извадат од длабочините и ќе ве однесат таму каде што треба да бидете.
1. Што навистина сакам?
Овде почнува сè. Учењето за светот и за вас започнува со поставување на ова прашање. Па, поставете си го. За еден момент заборавете сè, семејството, општеството, светот и размислете што сакате ако ништо друго не беше вклучено во вашиот живот. Ново работно место? Нова врска? Поздрав животен стил? Разни хобија кои ве прават посвесни? Секој бара рамнотежа помеѓу она што сака да биде и она што всушност е. Колку подалеку се овие работи една од друга, толку помалку сте задоволни од вашиот живот.
Признајте си што навистина сакате, дури и ако никој не се согласува дека тоа е висинскиот избор за вас. На крај, вие сте единствената личност која треба да живее во вашето тело и да го живее вашиот живот. Вашите одлуки треба да го задоволуваат вашето постоење, а не на сите други.
2. Што ме спречува и што не ми треба во животот?
Знаете ли кој збор може да ви го промени животот за секунда? „Не“. Едно единствено „Не“ кажано во вистинскиот момент може да го промени фокусот на вашиот живот. Еден момент може да редефинира за што се залагате и што сакате да постигнете. Многу од нас се убедени дека животот е долг и дека ги имаме сите можности на светот што ги сакаме, но ова е погрешно.
Колку повеќе време и енергија трошите кажувајќи „Да“, толку помалку време имате да го правите она што сакате и она што треба да го правите. Во ред е да одбиете некого. Ако сметате дека одредени луѓе, хобија или избори во кариерата не ви дозволуваат да созревате, тогаш е време да кажете „Не“.
3. Што знам што може веднаш да ми го подобри животот?
И ова прашање ве присилува да го разгледате животот што го живеете сега. Наместо да ги отстранувате надворешните фактори што ве држат назад, ова прашање ќе ви помогне да ги посочите внатрешните ѕидови што не ви дозволуваат да го постигнете вашиот вистински потенцијал. Запрашајте се што е она што веќе го знаете и што може веднаш да ви го подобри животот.
Можеби ви е страв, можеби сте анксиозни, можеби не верувате во себе или можеби сте премногу мрзливи. Почнете да ја прифаќате позитивноста. Следете ги вашите амбиции. Венчајте се со љубовта на вашиот живот. Потрошете го вишокот енергија на нешто што навистина го сакате.
4. Како можам да се почитувам повеќе уште денес?
Ова е најважното прашање кое ја означува разликата помеѓу тоа навистина да ги исполните увидите што ги научивте, и тоа да не направите ништо и да си продолжите со животот. Дали се почитувате доволно за да се направите подобра личност? Повеќето луѓе ќе одговорат потврдно, но дали го мислат ова? Ако се почитувате ќе го штитите вашето тело, вашето време и вашето ментално здравје од токсичност, негативност и вишок килограми. Ако се почитувате, мудро ќе ги донесувате одлуките со вашата среќа на ум. Почнете да се цените, почнете да се почитувате.
Што можете да направите уште сега за да го заштитете достоинството што го заслужувате? Кои се малите промени во животот кои евентуално ќе ве убедат дека сте подобри од личноста што ја гледате во огледалото?
Почнете да си ги поставувате овие прашања и почнете да го подобрувате вашиот живот уште денес.
Погледнете и кои се отровните мисли што ви ја трујат визијата за подобар живот.