4 хормони што ја регулираат тежината и го забрзуваат метаболизмот

4 хормони што ја регулираат тежината и го забрзуваат метаболизмот

Нашата телесна тежина најмногу е одредена од исхраната и количината на енергија која се внесува и троши, како и од физичката активност. Но, значајно влијание имаат и четири хормони кои се најчесто виновни кога личноста не може да ослаби дури и покрај сите напори. Кога ќе сфатите како функционираат и како можете да влијаете на нив, полесно ќе ви биде да дојдете до идеалната тежина.

1. Лептин

Овој хормон се синтетизира во масното ткиво, а неговите рецептори се наоѓаат во хипоталамусот, хипокампусот и мозочната кора. Лептинот на мозокот му испраќа сигнал за да го „изгаси“ апетитот и да го регулира складирањето на вишокот калории во масните клетки. Истовремено овој хормон ги заштитува останатите ткива во телото од токсичните маснотии кои се вишок.

Зголеменото ниво на хормонот се поврзува со вишок на маснотии во телото и тој е одговорен за прејадување и често чувство на глад. До овој контрадикторен процес се доаѓа кога телото развива отпорност на лептин, најчесто за време на мутациите на рецепторите од овој хормон под влијание на генетски фактори или фактори од околината. Хроничното повишување на нивото на хормонот лептин доведува до дебелина, прејадување и воспаленија, а може да доведе и до хронични болести како хипертензија, метаболички синдром и срцеви заболувања.

Зголеменото ниво на лептин се манифестира на следниве начини:

Предизвикува умор, честа причина е за синдром на хроничен замор

Лошо влијае на пациентите заболени од хепатитис Ц и заболените од синдромот на нервозни црева

  • Го поттикнува ослободувањето на цитокин кој предизвикува поголеми воспаленија на телото и одредени „нарушувања“ во мозокот
  • Ги погодува крвните садови, коските, имуниот систем (влијае и на нивото на гликозата и метаболичките масти) и репродуктивниот систем
  • Многу зголеменото ниво на лептин доведува до брз раст и ширење на воспаленија и канцерогени клетки
  • Може да биде причина за зголемен број бели крвни зрнца
  • Помага за подобар одговор на телото на стрес и ја снижува варијабилноста на срцевиот ритам
  • Може да го намали, но и да го зголеми апетитот

Лептинот има свој воспоставен ритам на произведување и максимумот го достигнува околу полноќ. Најниското ниво на овој хормон е помеѓу 9 наутро и попладне, но сето тоа може да се промени во зависност од тоа кога јадете.

Што го зголемува нивото на лептин?

Нивото на овој хормон расте после оброкот како реакција на инсулинот: колку повеќе јаглехидрати внесувате преку храната, толку повеќе масти се складираат во телото. Кога стресот е одговорен за нивото на лептинот може да дојде до целосно губење на апетитот (најчесто кај луѓе кои се во депресија).

Што го снижува овој хормон?

Пост од барем 24 часа, физичка активност, недостаток на сон, алкохол, инсулин и зголеменото ниво на тестостерон го смалуваат неговото ниво.

2. Инсулин

Овој важен хормон има повеќе ефекти – го смалува апетитот, но може да го зголеми нивото на масни наслаги, ја регулира тежината и чувството на ситост. Проблемот со дебелината што е поврзан со него се јавува кога се развива отпорност на инсулин односно кога телото повеќе не добива сигнал од мозокот дека сте сити, па во тој случај инсулинот го зголемува чувството на глад наместо да го изгаси. Вие јадете, панкреасот го произведува инсулинот, но мозокот вели дека ви треба уште храна.

Влијание на нивото на инсулин врз телото:

  • Доставува гликоза до црниот дроб, мускулите и масните клетки
  • Пренесува важни супстанци од крвта во масните клетки
  • Го регулира излачувањето на масти од масните клетки
  • Помага за спречување на губењето протеини од мускулите – ја зголемува нивната апсорпција и апсорпцијата на аминокиселини во мускулите
  • Нискиот инсулин го стимулира црниот дроб да го претвори гликогенот во гликоза и да го излачи во крвта – поради тоа луѓето со ниско ниво на инсулин имаат високо ниво на гликоза.
  • Го регулира произведувањето на гликоза од протеините
  • Го снижува нивото на калиумот
  • Ги опушта мускулите така што овозможува крвта да влезе во малите крвни садови, а ниското ниво на инсулин ја забавува циркулацијата поради тоа што ви е ладно
  • Го регулира излачувањето на сол во бубрезите – затоа луѓето со низок инсулин патат од низок притисок

Иако улогата на инсулинот пред сè е добра и го штити целото тело, тој „заштитнички“ ефект всушност го стимулира складирањето масти во клетките поради што потешко се слабее.

3. Невропептид Y

Во прашање е невротрансмитер кој се наоѓа во мозокот и во вегетативниот нервен систем. Го произведуваат мозочните клетки и невроните во симпатичниот нервен систем. Има неколку функции од кои најважни се зголемување на акумулацијата на маснотии и стимулирање на глад, но и ублажување на стрес, анксиозност, перцепција на болка, желбата за алкохол и го регулира биолошкиот ритам на телото.

Меѓутоа, овој невропептид често е причина за дебелеење.

Влијание на невропептид Y врз телото:

  • Поттикнува создавање нови масни клетки и складирање маснотии во нив, најчесто во пределот на стомакот
  • Ја ублажува анксиозноста и епилептичните напади
  • Го влошува одговорот на телото на стрес и го зголемува произведувањето на кортизол
  • Превисокото ниво може да го зголеми ризикот од рак

Истражувањата врз животни покажале дека константниот стрес и храната богата со гликоза го стимулираат производството на овој хормон. Исто така, кога го ограничувате внесувањето на калориите, неговото ниво се зголемува.

4. Кортизол

Овој хормон предизвикува здебелување. Но, кога ќе се погледне крвната слика на пациентите со вишок тежина, нивото на кортизолот е нормално. Тоа се случува затоа што зголеменото ниво се наоѓа во масното ткиво. Кортизолот го зголемува апетитот и консумирањето шеќери затоа што активира рецептори во хипоталамусот кои создаваат потреба за храна полна со маснотии и шеќери.

Влијание на нивото на кортизол:

  • Го зголемува лачењето на лептинот од масните клетки
  • Го смалува производството на инсулин, го зголемува ризикот од инсулинска резистенција
  • Го зголемува произведувањето на гликоза
  • Ги оштетува мускулите
  • Го нарушува имунитетот и го зголемува ризикот од рак
  • Негативно влијае на коскеното ткиво и на колагенот
  • Го стимулира мокрењето
  • Поттикнува задржување на соли и со самото тоа крвниот притисок е зголемен
  • Спречува апсорпција на калциум
  • Го стимулира излачувањето на желудочна киселина
  • Го забавува зарастувањето на раните

Може да има и позитивни ефекти – ја ублажува хипогликемијата, ја подобрува циркулацијата и дотокот на крв до срцето.

Сега кога знаете кои хормони се одговорни за тежината, следете ги следниве правила:

  • Одвреме-навреме проверете ги нивото на лептин, инсулин, невропептид Y и кортизолот
  • Придржувајте се на правилна исхрана и вежбање, избегнувајте прејадување
  • Спијте секој ден од 7-8 часа во целосен мрак
  • Секојдневно работете на исфрлање на стресот низ физички или психолошки вежби
  • Редовно контролирајте ја работата на жлездите и панкреасот

Дополнителни прочитајте и за хормони што предизвикуваат дебелеење и како да го избегнете нивното негативно влијание.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар