4 големи заблуди за сексуалната предигра

4 големи заблуди за сексуалната предигра

Иако жените уживаат во бакнежите, допирите и нежностите на партнерот, сепак предиграта не е клучот на сексуалното задоволство. Ова се четирите заблуди кои ја пратат сексуалната предигра.

4 големи заблуди за сексуалната предигра

1. Една ерогена зона е доволна за да се возбудите

Убавината е во истражувањето и експериментирањето. Машкото и женското тело е преполно со ерогени зони, а надразнувањето на само една може да има спротивен ефект. Предиграта мора да биде разновидна, бидејќи во спротивно може брзо да ви досади.

2. На жените им е потребна подолга предигра

Ова тврдење воопшто не е точно, бидејќи на жената ѝ е важен начинот на кој партнерот ја допира, а не колку долго тоа го прави. Исто така и фазата на менструалниот циклус не влијае на тоа колку жените се расположени за секс.

3. Тоа што го возбудува партнерот треба да се повторува

Ова е погрешно, бидејќи константното поновување на истите работи може да му стане одбивно на партнерот. Разговарајте за вашите фантазии и посакувани работи, па ќе влезете во еден сосема нов сексуален свет.

4. Предиграта им е потребна само на жените

Во многу случаи тоа изгледа така, но дефинитивно не е вистинито. Предиграта им е подеднакво потребна и на мажите и на жените, особено во подоцнежните години.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар