4 големи митови за минералната вода во кои мора да престанете да верувате

4 големи митови за минералната вода во кои мора да престанете да верувате

Некои ја сметаат за лековита, додека други веруваат дека водата со меурчиња не е ниту приближно здрава како обичната вода. Истражувањата ги разоткрија четирите големи митови за минералната вода, па време е да дознаете која е вистината.

2-4-golemi-mitovi-za-mineralnata-voda-vo-koi-mora-da-prestanete-da-veruvate-www.kafepauza.mk_

Мит 1: Минералната вода не хидратизира како обичната вода

Се сметало дека јаглеродниот диоксид во минералната вода спречува телото да ја апсорбира нејзината влага, но истражувањата покажуваат дека тоа не е вистина. Една студија заклучила дека минералната вода подеднакво добро како и обичната вода ги закрепнува вежбачите после интензивниот тренинг.

Мит 2: Минералната вода е лоша за забите и коските

Јаглеродната киселина, која настанува кога ќе се спои вода и јаглерод диоксид, може да наштети на забната глеѓ, но за да се случи тоа морате секојдневно да пиете енормна количина минерална вода (околу 6 литри). Освен тоа, студијата која ја проучувала поврзаноста на напивките со меурчиња и намалувањето на густината на коските кај жените, за сите видови минерални води дала зелено светло.

1-4-golemi-mitovi-za-mineralnata-voda-vo-koi-mora-da-prestanete-da-veruvate-www.kafepauza.mk_

Мит 3: Минералната вода не помага толку добро во слабеењето како обичната вода

Минералната вода може да предизвика привремена надуеност но, на подолг период, тоа може позитивно да влијае на вашата фигура. Истражувањата покажале дека минералната вода дури поефикасно создава чувство на ситост од обичната вода, особено ако ја пиете на празен желудник, што значи дека одлично помага со слабеењето. Само избегнувајте ги верзиите на минерална вода со вештачки засладувачи кои всушност можат да ја зголемат желбата за слатко.

Мит 4: Минералната вода предизвикува жиговина

Минералната вода нема да предизвика жиговина, но може да ја влоши онаа што веќе постои, па обидете се да избегнувате минерална вода, односно консумирајте само обична вода, особено во текот на јадењето. Минералната вода не е доба за жиговината, бидејќи меурчињата од го опуштаат долниот отвор на хранопроводот, поради што на желудочната киселина ѝ е полесно да се врати во хранопроводот и потоа предизвикува жиговина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар