4-годишна генијка станува најмладиот член на Менса
До втората година таа веќе знаела да брои до 40, да црта луѓе, да рецитира поеми и да чита книги наменети за 7-годишни деца. За време на наредната година, веќе без проблем множела и делела бројки. Кога наполнила 4 години, Хајди Хенкинс на тест за интелигенција покажала дека има IQ од 159 – само еден поен под најголемите умови во областа на физиката, Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг. Но, тоа не е сè – таа набрзо потоа станува и дел од Менса.Родителите на Хајди, Метју и Софи, се надеваат дека нивната ќерка ќе може да ја прескокне првата година во училиште кога ќе почне од септември. Д-р Хенкинс вели:
„Ние отсекогаш верувавме дека Хајди е многу паметна, бидејќи научи да чита додека беше уште многу мала. Јас бев многу љубопитен за нејзините резултати, но не очекував толку висок скор. Кога имаше само 2 години ù дадов цел сет од 30 книги за читање и таа ги прочита за саат време. Хајди веднаш откако прозборе почна да употребува целосни реченици и постојано се труди да звучи литературно.“
На возраст од само 14 месеци, додека нејзините врсници уште пробувале да сфатат за што служат боичките, таа веќе цртала принцези и животни. Кога имала 18 месеци, нејзините ја „фатиле на дело“ како го користи компјутерот за да се научи себеси да чита. Нејзините родители велат:
„Ние воопшто не ја форсираме Хајди, таа сама го прави својот распоред за учење нови работи.“
Просечниот IQ скор кај возрасен човек е 100, додека пак оние со IQ од 130 се сметаат за надарени. Џон Стивенеџ, главниот уредник на Британската Менса вели дека родителите на Хајди одлично ја процениле ситуацијата кај нивната ќерка и дека таа навистина покажува неверојатен потенцијал.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Јас имам 135, а имам 12 години.
Сепак многу ми е слатка малава, мал гениј. 🙂 Па во иднина да очекуваме некое ново откритие 😉