4 фризури за мажи кои загубиле поголем дел од косата

4 фризури за мажи кои загубиле поголем дел од косата

Речиси секој маж порано или подоцна губи дел од својата коса. Несомнено тоа е еден од најболните процеси низ кои мора да помине секој од нив, но тоа може да се ублажи со следење на советите на стилистите. Ова се нивните препораки за оние кои веќе изгубиле поголем дел од својата коса.

1. Форма на потковица

Потстрижете ја косата на околу 5 милиметри. Доколку ја носите подолга, таа ќе личи на печурка. Вашиот бербер нека се погрижи таа да има форма на потковица, онака како што ја носи Џејсон Статам.

4 фризури за мажи кои изгубиле поголем дел од косата

2. Соголено теме

Доколку најголем проблем е соголеното теме, направете фризура како Ману Џинобили. Берберот нека ја потстриже скалесто (степенесто) со должина не подолга од еден сантиметар.

4 фризури за мажи кои изгубиле поголем дел од косата

3. Слаба коса на целата глава

Кажете му на берберот да ја потскрати до должина од максимум еден сантиметар и да остави повеќе коса каде што таа не најтенка. Пример дека тоа е најдобриот избор е Мет Лауер.

4 фризури за мажи кои изгубиле поголем дел од косата

4. Високо чело

Ако вашето чело станува сè повисоко и последната линија почнува да оди наназад, можете да си дозволите и коса долга до пет сантиметри, но побарајте од берберот предниот дел да го остави подолг со цел да создадете илузија дека имате повеќе коса. Сликата од Вил Арнет нека ви послужи како пример.

4 фризури за мажи кои изгубиле поголем дел од косата

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар