4 фризури што ќе ја одбележат 2021 година
Трендовите се менуваат, а во 2021 година пристигнуваат нови варијанти кога станува збор за популарните фризури. Во продолжение погледнете кои фризури можат да го освежат вашиот изглед.
Густи шишки
View this post on Instagram
Долгите шишки се едни од најбараните фризури за 2020 година. Но, овој тренд ќе биде популарен и во новата година. Сепак, познатите фризери нагласуваат дека таканаречените „завеси“ шишки ќе им отстапат место на густите, богати шишки. Но, заедничко за нив е што и понатаму продолжуваме да ја одбегнуваме строгата рамна линија.
Тап боб
View this post on Instagram
Истото правилото важи и за рамните врвови кај една од најбараните фризури. Станува збор за краткиот боб, а познатите фризери истакнуваат дека при изведување на таканаречениот тап боб, целата коса треба да биде со иста должина.
Пикси
View this post on Instagram
Ако сакате драстични промени, на првото место на списокот е неприкосновената кралица на кратките фризури – пикси. Оваа фризура е наменета за храбри дами кои се подготвени да ризикуваат.
Прамени што го врамуваат лицето
View this post on Instagram
За сите дами кои сакаат долга коса, но сакаат да ја освежат малку, ова е идеална варијанта. Прамените кои го врамуваат лицето ќе ви ја дадат посакуваната доза на опуштеност и разиграност. Оние кои се похрабри и сакаат да експериментираат, можат да ги бојадисаат предните прамени во друга боја.
Погледнете кои бои на коса ќе бидат во тренд во 2021 година.