4 фитнес заблуди што стојат на вашиот пат до телото од соништата
Кога конечно ќе се решиме да го промениме биоритамот, ние почнуваме да ја балансираме храната и да воведуваме вежбање во секојдневната рутина. Но, барајќи го најдоброто за нас, ние се среќаваме со тон ставови и уверувања, кои се неосновани и нè саботираат на патот до успехот. Токму овие ставови се оние што се однесуваат на „правилното“ вежбање.
Со цел да ви помогнеме да дознаете што навистина е добро, а што не, погледнете ги следниве заблуди на коишто треба веднаш да заборавите.
1. Стомачните вежби ќе ви ги стопат масните наслаги на стомакот
Вежбите за стомачните мускули ни помагаат да ги зајакнеме и дефинираме стомачните мускули, но не и да ги отстраниме масните наслаги. Со цел да можат да се стоплат масните наслаги, вие мора да вклучите и кардио тренинг кој троши најмногу калории. Исто така треба да знаете дека масните наслаги никогаш не се топат само на делот на кој работите, туку рамномерно низ целата површина на телото.
2. Што повеќе тренирате, толку подобро!
Поголемиот дел од луѓето мислат дека резултатите зависат од интензитетот на вежбањето, но важно е да знаете дека позитивните промени на нашето тело се случуваат за време на одморот, па затоа и правилниот тренинг вклучува три дена вежбање, па еден ден пауза.
3. Вежбите со низок интензитет се најдобри за губење килограми
Вежбите со низок интензитет согоруваат најголем број масти, но ако гледате на крајниот резултат, не е важно колку масти или јаглехидрати потрошите, туку колку калории ќе изгубите бидејќи на тој начин се остварува калорискиот дефицит кој е предуслов за ефикасно слабеење.
4. Вежбањето на празен стомак има најголемо влијание
Во основа, овој факт е точен, но тој со себе носи и одредени опасности. Вежбањето пред првиот оброк може да предизвика пад на шеќерот во крвта, замор, пад на крвниот притисок, па дури и несвестица. Лесниот оброк, саат и половина пред тренингот ќе ви помогне да се заштитите од несаканите последици, додека истовремено и нема да смета на трошењето калории во текот на тренингот.
Позната фитнес инструкторка изјавува: Рестриктивните диети никогаш не даваат посакувани резултати!