4 елегантни празнични комбинации
Следува празничен период со многу пригоди за славење и собири, како и прилики за празнични комбинации од вашиот плакар. Еве неколку предлог-празнични комбинации.
Џемпер и здолниште со мониста
Совршена комбинација на текстури за празничен но удобен изглед. Искомбинирајте впечатливо здолниште кое привлекува внимание со едноставен еднобоен џемпер. Одберете црни рамни обувки кои се класика и го „зачинуваат“ изгледот со поголема доза на женственост, впечатлив аксесоар, еднобојна ташничка, пунџа и црвен кармин.
Кошула без ракави, џемпер и фармерки
Совршен рецепт за нежна и стилска комбинација за секојдневен и опуштен изглед. Одберете едноставни фармерки, кошула без ракави, удобен еднобоен џемпер и нежен, женствен, ненападен накит како обетки во форма на панделки. Фризура со локни и не многу високи потпетици се совршен завршеток на овој изглед.
Чипкаст фустан и сако
Совршена комбинација за празнични прослави, коктел-забави и промоции. Чипкастиот фустан со интензивна боја во комбинација со сако, црни хулахопки и црни чизми до глужд со сигурност се добитна комбинација за женствен и елегантен изглед.
Елегантна, проѕирна кошула и црни панталони
Црни, елегантни панталони се нешто што секоја девојка треба да го има во својот плакар бидејќи лесно се комбинираат во различни комбинации, стилови и пригоди. Во комбинација со елегантна, проѕирна кошула со црни јаки и обувки кои ќе разбијат монотонија се полн погодок за женствен, елегантен изглед совршен за дружење со пријателите, вечерни излегувања и празнични собири.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Каде е елегантното?