4 ефективни начини да ја развиете вашата емоционална интелигенција
Едно од најважните нешта за подобрувањето на нашето здравје и општата добросостојба е емоционалната интелигенција. Таа ни помага поефективно да комуницираме со другите. Бидејќи ние сме социјални суштества, ова прави голема разлика на неколку начини – од нашето ниво на успех, па сè до тоа колку сме среќни. За жал и покрај нејзината важност, многумина не инвестираат во неа. Имајќи го тоа на ум, постојат неколку работи кои можете да ги направите за да ја развиете емоционалната интелигенција.
Емоционалната интелигенција е дефинирана како способноста на една личност да ги препознае своите и емоциите на другите, да разликува разни чувства и правилно да ги означи, да користи емоционални информации кои ќе го водат размислувањето и однесувањето, и да ги прилагодува емоциите да се совпаѓаат со опкружувањето или со постигнувањето на некоја цел.
Емоционалната интелигенција не е само едно нешто. Таа е поврзана со емоциите и сè што доаѓа со нив, вклучувајќи и како се справуваме и со нашите и со туѓите. Па, погледнете како да ја развиете вашата емоционална интелигенција.
1. Развијте свесност
Повеќето од разговорите за емоционалната интелигенција се фокусираат на вториот дел од дефиницијата – разликување на емоциите на другите и користење на таа информација за размислување и однесување при интеракција со другите. Но, голем дел од емоционалната интелигенција е вашата способност да ги препознаете вашите емоции и јасно да ги разликувате. Развивањето свесност преку медитација, водење дневник или рефлексија ќе ви даде цврста основа за препознавање на емоциите кај другите.
2. Шпионирајте
Ова звучи малку чудно. За овој метод потребно е да се свртите кон надвор и да работите на препознавањето на емоциите кај другите. Посетете некоја кафетерија, трговски центар или кое било место каде што има луѓе кои нема да забележат дека ги гледате. Побарајте две личности коишто разговараат и обидете се да ги препознаете емоциите кои ги чувствуваат во текот на разговорот. „Читањето“ на туѓите емоции е важен дел од емоционалната интелигенција, а ова набљудување ќе ви помогне да ги препознавате преку нивните лица и нивниот говор на телото.
3. Практикувајте свесна комуникација
Свесната комуникација е малку подиректен метод од претходниот. Поради ова е малку потежок и ќе ви биде потребно подолго време. Свесната комуникација бара 2 нешта од вас:
- Слушање: Целта е да научите внимателно да слушате кога некој ви зборува. Кои емоции ги чувствува соговорникот? Кои зборови ги користи? Како физички ги искажува емоциите? Учењето на овие знаци е голем дел од емоционалната интелигенција.
- Свесен говор: Овде целта е да се синхронизирате со вашите емоции додека разговарате со некој, да размислите што прават вашите зборови и какво влијание имаат на соговорникот.
4. Променете ја вашата перспектива
За крај, промената на перспективата ќе ви помогне да ја развиете емоционалната интелигенција на различен, малку индиректен начин. Начинот на кој се гледаме себеси и светот околу нас е под влијание од разни внатрешни верувања. Ова е перспективата која ја користиме во животот и има влијание на сè што правиме. Но ако си поставувате прашања како: „Можам ли да го гледам ова на друг начин?“ често ќе откривате нови начини да ги гледате работите во врска со вас и другите. Ова ќе ви помогне да идентификувате работи кои претходно не сте ги забележале и ќе можете полесно да ги разберете чувствата ана другите.
Емоционалната интелигенција е важна вештина која ни помага поефективно да се движиме низ животот. Инвестирајте време за да ја развиете и искористете ја за вашиот личен напредок.
Доколку не сте сигурни дали треба да работите на вашата емоционална интелигенција, овие знаци ќе ви помогнат да откриете.