4 ефективни начини да го намалите масното ткиво во рацете
За да ја намалите својата тежина, потребен ви е посебен режим на исхрана и секако, треба редовно да вежбате. Но, најголем проблем на многумина се мастите во рацете, кои тешко се намалуваат, па некогаш слабеењето на овој дел од телото може да ви изгледа невозможно. Ова се 4 вежби кои ќе ви помогнат да ја постигнете вашата цел.
Склекови
Доколку не сте навикнати да кревате поголема тежина, тогаш на почеток ќе имате тешкотии во правењето склекови, но тоа е само додека се навикнете. На почеток правете помал број склекови и со редовни паузи, или правете т.н. женски склекови кои се полесни бидејќи тежината не паѓа на прстите од нозете туку на колената. Откако ќе свикнете на редовни вежби со склекови, нема да имате проблеми. Правете отворени склекови, со растојание помеѓу рацете поголемо од рамената или затворени склекови кога рацете ви се подоближени една до друга.
Тегови
За почеток кревајте полесни тегови, не почнувајте веднаш со поголема тежина. Најдете вежби на интернет кои се најефективни за постигнување на вашата цел. На пример, земете ги теговите во раце и застанете исправени, со рацете до вашето тело. Потоа, подигнете ги рацете странично, па пред вас достигнувајќи висина до рамената, па зад вас колку што можете и така наизменично. Запомнете дека при оваа вежба рацете мора да ви бидат прави и да не ги виткате лактите.
Вртење
Ова се дел од оние вежби кои навидум изгледаат лесни, но штом ги пробате се уверувате дека се тешки, но и многу ефикасни. Застанете исправени и раширете ги рацете како да сакате некому да му дадете огромна прегратка. Рацете нека ви бидат прави, а дланките свртете ги кон таванот. Свртете ги рацете обратно колку што можете по хоризонтална оска, така да дланките повторно се најдат отворени нагоре. Потоа, вратете ги рацете во првобитната позиција и повторувајте ја вежбата. Не спуштајте ги рацете додека не направите цела серија вежби. За почеток не форсирајте се бидејќи со сигурност наредниот ден ќе имате болка во мускулите. Дозволете му на вашето тело да се привикне на рутината.
Ножици
Вежбата се вика ножици, бидејќи движењата потсетуваат на работа со ножици. Застанете право и исправете ги рацете пред вас во висина на рамената. Замислете дека држите огромни ножици и дека треба да ги отворате и затворате. Раширете го растојанието меѓу рацете, потоа доближете ги на средина, така што рацете ќе се преклопат, потоа повторно раширете ги. Наизменично менувајте го преклопувањето на рацете, така што еднаш левата рака ќе дојде над десната, па потоа обратно. Вежбата повторете ја минимум 20 пати.
Доколку ги правите овие вежби по 15 минути секој ден, за многу брзо време ќе ја забележите разликата во вашите раце.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.