4 едноставни, но контроверзни начини да станете подобра личност
Без разлика со што сте соочени, постојат навистина лесни стратегии за да останете храбри и смирени. За жал, овие стратегии се сметаат за контроверзни и нефункционални поради општеството. Денес сме навистина поделени и не ја согледуваме реалноста во која всушност сите ние сме поврзани. Животот не мора да биде комплициран како што го правиме, и не мора да биде толку сериозен и личен. Со малку труд, секој може да ги искористи овие едноставни стратегии и да стане подобра личност без разлика на ситуацијата во којашто се наоѓа.
1. Место на раѓање нека ви биде Земјата
Навистина е толку едноставно, сите ние сме Земјани и живееме заедно на планетата. И покрај ова постојано се бориме за замислени линии во песокот, проповедаме едни на други и се делиме. Секој од нас е зафатен со контролата и сопственоста, па забораваме дека нашата цел е да еволуираме како здрави и морални суштества на планета која постојано се менува. Треба да бидеме флексибилни, да соработуваме и да сфатиме дека сето ова е наше. Ова е наша планета, на никој друг. Никој не ја поседува, но потребна ни е на сите. Излегува дека човечката психологија е многу лесна за манипулирање. Уништувањето на нашиот екосистем за да се стекне измислено богатство е навистина глупаво, а сепак го правиме тоа. Како што рекол Виктор Иго:
„Жртвување на Земјата за рај е како откажување од супстанцата за сенката.“
Вашето место на раѓање нека биде Земјата и ќе забележите како ќе почнете да придонесувате за неа, истовремено правејќи го вашиот живот подобар.
2. Вашата раса нека биде Човек
Вашата кожа може да биде црна, бела, кафеава, жолта или која и да е боја, но вашето срце е црвено. И тоа не зависи од вашата култура, националност, раса или потекло. Кога ќе се фокусирате на срцето, ќе сфатите дека сите сме едно, сите сме луѓе кои се борат со животот и нашата смртност. И во овој случај е едноставно – сите сме луѓе и сите наши животи се кратки и скапоцени. Постојано опкружени со политички проблеми, религиозни и расистички проблеми, навистина е лесно да го заборавиме тоа. Замислете си дека целото човештво е едно село и живее на една заедничка планета.
3. Вашата политика нека биде Слобода
Лесно е да кажеме да бидете слободни, но треба да работите многу за тоа. Сите ние сме родени слободни, а во текот на животот некако ни се одзема таа слобода. Од ропството на долговите, па сè до вистинското ропство, човештвото речиси и да нема слобода. Може да биде навистина тешко да ја направите слободата вашата политика поради огромната моќ на државата. Лесно е да станете робови на долговите, кога всушност целиот долг е апстрактен. Лесно е да се покорите кога државата ќе ви даде сè само за да молчите.
4. Направете ја вашата духовност Љубов
Сигурно веќе ја имате слушнато изреката „Сè што ви е потребно е љубов.“ Над контролата и сопственоста, над илузијата за совршеност, постои толку силна љубов што може да предизвика одвојување. Одвојувањето е клучно за автентична љубов, па дури и за среќа. Кога нема да бидете зависни од она што ви го налага општеството, многу полесно ќе ги надминувате пречките, и реалните и имагинарните. Кога вашата духовност ќе биде љубовта, целиот универзум е поврзан. Ќе сфатите дека сепак не сте толку мали, дека светот навистина е прекрасно место. Вашата човечност ќе излезе на виделина, а ситните проблеми и споредувањето со другите нема да имаат улога во големата слика. Ќе ви стане полесно да бидете добро човечко суштество.
„Зачекорете во огнот на себеоткривањето. Огнот нема да ве изгори вас. Ќе го изгори само она што не сте.“ – Муџи
Погледнете ги фазите низ кои треба да поминете за да станете подобра личност.