4 едноставни начини да бидете посоцијални доколку сте интроверт
Понекогаш може да биде навистина тешко да се справите со интровертноста кога сакате да се поврзете со семејството или со пријателите. Од една страна само сакате да се затворите во вашиот дом со добра книга, а од друга пак, сакате и да разговарате со некого бидејќи тоа прави да се чувствувате добро.
Постои недоразбирање дека интровертите воопшто не сакаат интеракција со другите луѓе. Едноставно, социјалните настани се постресни за овие луѓе, па потребно им е време да бидат сами. Па како да бидете посоцијална личност доколку сте интроверти? За среќа постојат неколку едноставни начини да го направите тоа.
1. Најдете и вежбајте теми за разговор
Едно од најтешките нешта за социјализирањето кај интровертите е нервозата. Ова, во комбинација со фактот дека интровертноста ги прави помалку искусни во разговори, резултира со парализирање. Иронично е што повеќето луѓе, вклучувајќи ги интровертите, можат нормално да разговараат штом ќе се најде заедничка тема. Тешкиот дел е започнувањето на разговорот.
Поради ова размислете за неколку теми за разговор пред да излезете од дома. Можете да поставите прашања за омилени книги, ТВ серии и слично.
2. Подгответе се пред да излезете
Штом сте смислиле неколку теми за разговор, потребно е психички да се подготвите. Прво најдете време и место да се смирите и опуштите. Најдете го вашиот центар така што кога ќе бидете подготвени да размислувате јасно. Ова ќе направи голема разлика во вашето социјализирање.
Штом ќе го најдете вашиот центар, време е да излезете и да размислувате како екстроверт. Со други зборови исправете се, бидете возбудени за излегувањето, па дури и насмевнете се. Едно истражување покажало дека кога интровертите се однесуваат како екстроверти, дури и присилно, се чувствуваат посреќни, најмногу поради позитивниот одговор што го добиваат од социјалното опкружување.
3. Најдете партнер
Бидејќи секако излегувате за да се социјализирате, зошто да не најдете некој што ќе ви биде партнер? Ако отидете на некоја забава со личност која ја познавате но не е иста како вас, односно не е интроверт, ќе имате повеќе храброст. Наместо самите да ја собирате, вашиот партнер ќе ви ја даде потребната храброст и ќе ве мотивира да разговарате со другите дури и кога ќе почнете да чувствувате несигурност.
4. Не плашете се да направите пауза
Интровертите се уникатни поради тоа што се заморуваат кога се постојано во социјално опкружување. Тие впиваат премногу информации и енергии околу нив, па лесно чувствуваат замор во големи групи. Поради ова не треба да се оптоварувате и доколку ви е потребна пауза, направете ја.
Ако повеќето од вашите пријатели се екстроверти и се обидуваат да ве натераат да излезете кога вие не можете и не сте подготвени, тоа е сосема во ред. Слично на ова, ако сте биле со многу луѓе пет денови во неделата и веќе чувствувате замор, во ред е да одморите во текот на наредните денови.
Не постојат личности кои се само интроверти или само екстроверти. Важно е да го запомните ова, но и да обрнете внимание на она што ви го кажуваат умот и телото со цел да ја најдете потребната рамнотежа.
Доколку сте интроверт и ви претставува проблем да разговарате на телефон, погледнете како да се справите со стресот предизвикан од телефонските разговори.