4 чудни бјути трикови кои функционираат подобро отколку што би помислиле

4 чудни бјути трикови кои функционираат подобро отколку што би помислиле

Како што знаеме светот на убавината обожува добар чуден бјути тренд, но додека изгледа дека сите чудни трендови се веќе излезени, ние успеавме да пронајдеме четири нови. Без разлика колку се чудни, тие ќе направат револуција во вашата рутина и веројатно уште долго време ќе зборувате за нив. Затоа, еве ја листата на четирите секојдневни продукти кои ќе ви го променат животот.

4-chudni-bjuti-trikovi-koi-funkcioniraat-podobro-otkolku-shto-bi-pomislile-kafepauza.mk

1. Користете лимони како дезодоранс

Можеби е чудно да триете лимон под мишките, но сетете се колку хемикалии има во дезодорансот. Не само што лимонската киселина е природна алтернатива туку и ги убива бактериите кои создаваат непријатни мириси. Единствениот проблем со ваквиот метод е што после бричење би чувствувале печење во пределот на мишките, па затоа почекајте неколку часови пред да го нанесете на вас.

0-4-chudni-bjuti-trikovi-koi-funkcioniraat-podobro-otkolku-shto-bi-pomislile-kafepauza.mk

2. Мијте ја косата со пиво

Постојат повеќе начини да ја измиете вашата коса со пиво, но прво, еве зошто ова функционира. Протеините, сладот, шеќерот и квасецот во пивото ги зближуваат кутикулите, го зголемуваат волуменот на косата и ѝ даваат екстра сјај. Постојат два начини да го користите пивото како шампон: првиот е прво да ставите шампон, потоа да ја измиете со пиво и на крај да нанесете регенератор. Вториот е да нанесете шампон и регенератор заедно, па потоа да ја измиете косата со пиво. Ние го препорачуваме првиот, затоа што од вториот поголеми се шансите да мирисате на пиво.

1-4-chudni-bjuti-trikovi-koi-funkcioniraat-podobro-otkolku-shto-bi-pomislile-kafepauza.mk

3. Ставете пудра во прав на трепките

Прво нанесете маскара, а потоа со помош на чепкалка за уши нанесете пудра во прав почнувајќи од коренот па до врвовите на трепките. Исто така, потрудете се тоа да биде во тенок слој, за да можете да го фиксирате следниот слој маскара. Овој трик двојно ќе ги зголеми трепките и ќе ги направи погусти без (скоро) никаков труд.

2-4-chudni-bjuti-trikovi-koi-funkcioniraat-podobro-otkolku-shto-bi-pomislile-kafepauza.mk

4. Користете црвен кармин за да ги намалите темните кругови

Во чудно Јутуб видео кое за малку ќе го „скршеше“ интернетот, менаџерот на развивање на брендот Birchbox, Депика Мутјуала користеше црвено-портокалов кармин за да ги сокрие нејзините темни кругови. Внимавајте затоа што таа нијанса не одговара на сите тонови на кожа – според експертите во Birchbox, ако имате жолти или светло кафени тонови на кожата треба да користите розови или виолетови нијанси, жолта боја за да ги скриете темните кругови и светло портокалова за да ги изедначите нееднаквите нијанси на кожата кожата.

3-4-chudni-bjuti-trikovi-koi-funkcioniraat-podobro-otkolku-shto-bi-pomislile-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар