4 чести навики кои треба да ги отстраните ако сакате да заштедите
Кога се парите во прашање, секогаш треба да бидете внимателни, бидејќи постојат ситуации во кои не сме ниту свесни дека трошиме повеќе отколку што треба. Или пак, можеме да заштедиме уште повеќе доколку сме повнимателни. Затоа ви откриваме четири секојдневни навики кои предизвикуваат да трошите многу повеќе одошто е потребно.
1. Непромислено купување
Купувањето без план не е добра идеја, па затоа одвојте неколку минути и напишете список на работи кои ви се потребни за да ги избегнете непотребните трошоци за купување на она што моментално не ви е потребно. Во оваа група спаѓаат и купувањето на работи кои се на распродажба и онлајн шопингот. Секако дека цените на распродажбата се секогаш најпривлечни, но нема потреба да купувате работи од кои всушност немате никаква корист. Секогаш добро размислете и запрашајте се дали одредена работа ви е навистина потребна.
2. Секојдневно купување кафе
Секако дека нема ништо лошо во повременото купување кафе, но секојдневното трошење пари за оваа цел едноставно нема никаква смисла. Многу повеќе ви се исплати да испиете еден филџан кафе дома, наместо секое утро да купувате додека одите на работа. Ова е една од навиките кај која износот можеби не изгледа голем во моментот, но ако пресметате на годишно ниво – бројката е огромна!
3. Често ручање во ресторани
Ако можете да си дозволите плаќање на оброците тогаш е во ред, но доколку сакате да заштедите ова е еден од оние трошоци кои би требало да ги избегнувате. Купувањето на производите за готвење и нивната подготовка ќе ве чинат помалку отколку секојдневно да купувате целосен оброк. Освен тоа, на овој начин ќе можете да влијаете на тоа што ќе го јадете и дури ќе можете да започнете и поздраво да се храните.
4. Им позајмувате пари на вашите пријатели
Сосема е во ред да им помогнете на вашите пријатели кога им е потребен тој вид на помош. Но, создавање навика за редовно позајмување пари не е добра идеја. Можно е кога вие ќе му позајмите некому пари, токму тогаш да ви затреба тој износ. Или уште полошо, ако вашето пријателство се промени и ако се оддалечите, никогаш повеќе нема да ги видите тие пари. Затоа, многу добро внимавајте пред да се одлучите на овој чекор.