4 бои што ќе доминираат оваа есен
Оваа есен, во мода ќе бидат класични парчиња облека, а акцентот ќе биде ставен на женствените комбинации. Истото важи и кога станува збор за боите. Можете слободно да заборавите на светлите бои затоа што овие 4 нијанси ќе доминираат на модната сцена. Модните експерти велат дека овие бои му даваат доза на луксуз на секој стајлинг и прават да изгледате „скапо“ во нив.
1. Темносина боја
Оваа боја стана актуелна на почетокот на оваа година и ќе остане на модната сцена до крајот на годината.
View this post on Instagram
2. Црвена боја
Речиси сите дизајнери имаат претставено парчиња облека во оваа боја во своите колекции. Таа им одговара на сите, без оглед на тенот на кожата.
View this post on Instagram
3. Жолта боја
Потемната нијанса на жолта боја исто така ќе биде актуелна и ќе ја гледате многу често.
View this post on Instagram
4. Беж боја
Оваа боја им одговара на сите и многу лесно се комбинира со сите други бои.
View this post on Instagram
Погледнете кои се најмодерните панталони и шорцеви за летниот период.