39 начини навистина да живеете

39 начини навистина да живеете

Премногу често поминуваме низ животот со вклучен „автопилот“ и дозволуваме секој претходен ден да ни помине на ист начин како тој пред него. Постојано се убедувате дека тоа е во ред сè додека не сфатите дека ви поминала уште една година без да направите ништо, без навистина да го живеете вашиот живот. Си велите дека тоа е во ред сè додека не достигнете одредена возраст и не погледнете наназад со каење…

Но, ако навистина сакате да го живеете вашиот живот, вистински да го искусите и да уживате во него најмногу што можете наместо само едвај да допрете на неговата површина и да живеете само колку да се каже дека постоите, тогаш мора да најдете начин да се ослободите од досегашната секојдневна рутина и да почнете да живеете!

39 начини да живеете, а не само да постоите

Тоа што следува е само една листа на идеи кои ќе ве потсетат на вистинските вредности кои можете да ги извлечете од животот. На сите нас одвреме-навреме ни се потребни потсетници. А доколку вие сметате дека овој текст може да ви биде корисен, испечатете го, залепете го на ѕидот покрај кој најчесто поминувате и започнете да го применувате уште денес.

1. Заљубете се – Можеби и најважното нешто на оваа листа. Дозволете си да се заљубите или пак, ако веќе имате посебна личност заљубете се во неа повторно. Не ограничувајте се ниту во чувствата кон најблиските роднини и пријатели…

2. Излезете надвор – Не дозволувајте да сте затворени помеѓу 4 ѕида. Излезете надвор дури и кога врне. Прошетајте на чист воздух и уживајте на топлината од сонцето. Спортувајте или пак, одете боси по трева…

3. Уживајте во храната – Немојте само да ги јадете ваши секојдневни оброци, туку научете како да уживате во нивниот вкус. Јадете полека, без брзање. Уживајте во секој залак поединечно.

4. Направете си утрински ритуал – Разбудете се рано наутро и пречекајте го почетокот на денот. Набљудувајте го изгрејсонцето. Кажете си на глас, самите на себе дека секој ден е подарок и дека нема да го потрошите и денешниот ден бадијала. Живејте го секој момент во целост, медитирајте или вежбајте и секако уживајте во една шолја утринско кафе.

5. Преземете ризици – Сите ние понекогаш знаеме да го живееме нашиот живот премногу претпазливо и постојано се грижиме дека нешто ќе тргне наопаку. Бидете храбри и ризикувајте се. Направете нов план за вашата кариера или пак, конечно викнете го/ја момчето/девојката кој/а веќе подолго време ви се допаѓа на состанок.

6. Следете ја возбудата – Пронајдете ги нештата кои ве возбудуваат и потоа тргнете по нив. Направете го вашиот живот една возбудлива авантура.

7. Пронајдете ја вашата страст – Дознајте што точно ве привлекува. Што е тоа што навистина сакате да го правите и како можете да заработувате од тоа?

8. Излезете од вашата канцеларија – Не губете ги вашите денови така што ќе ја завршувате вашата работа секојдневно на едно исто место. Земете го лаптопот и работете во кафуле, во парк, на брод…

9. Исклучете го телевизорот – Колку време поминувате гледајќи телевизија? Колку време имате за живеење? Направете ја математиката и потоа исклучете го телевизорот од струја. Не знаете што би правеле без него? Продолжете со читање…

10. Тргнете се од интернетот – Ако го читате овој текст, тоа значи дека моментално сте на интернет и губите скапоцено време од вашиот живот кое подоцна нема да можете да го вратите. Исклучете го и компјутерот и излезете веднаш од вашиот дом.

11. Патувајте – Сигурно веќе подолго време планирате да одите некаде на пат, но секојдневните обврски ве спречуваат. И покрај сè, пронајдете начин да го промените тоа и во што поскоро време да бидете на местото од вашите соништа.

12. Одново откријте што е важно за вас – Направете листа од оние нешта кои вие во овој момент ги сметате за најважни. Потоа на листата додадете сè што би сакале да направите во вашиот живот. Откако ќе завршите скратете ја листата на најважните 4-5 работи и сконцентрирајте се на нив. Тоа е вашата основа, најдете време за нив!

13. Елиминирајте сè останато – Отфрлете го сè она што не е на вашата кратка листа. Поедноставете го вашиот живот колку што можете повеќе.

14. Вежбајте – Станете од каучот и одете на прошетка. По некое време почнете и да трчате. Или направете неколку склекови, почнете со пливање или возење велосипед. Што било, само да сте активни и ќе сфатите дека тоа е навистина добро за вас.

15. Бидете позитивни – Научете да ги препознавате вашите негативни мисли и прекинувајте ги секој пат кога ќе се појават. Живејте со мислата: „Јас можам да го направам ова!“

16. Отворете го вашето срце – Не затварајте се во себе ако некогаш сте биле повредени. Научете да се отворите кон нови искуства, бидејќи никогаш не знаете што ве чека зад наредниот агол.

17. Бакнете се на дожд – Зграпчете го моментот и бидете романтични. Надвор врне? Фатете го вашиот партнер под рака и страсно бакнете го на дождот. Возите накај дома? Застанете покрај патот и наберете диво цвеќе за неа…

18. Соочете се со вашите стравови – Што е тоа што навистина ве плаши? Што е тоа што ве спречува да бидете најдобри што можете? Се плашите од височина? Одете до највисоката зграда, качете се на кровот и погледнете надолу. Соочете се со вашиот страв за да се ослободите од него.

19. Кога страдате, дозволете си на себе да го искусите тоа до крај – Животот не е само забава и игри. И страдањето е дел од него. Дозволете си навистина да ја почувствувате болката, таа ќе ве направи посилни.

20. Забавете – Во денешно време животот се движи многу брзо. Тоа не е воопшто здраво. Научете некои основни работи да ги правите поспоро, како јадењето, пешачењето, подготвувањето за на работа…

21. Бидете похумани – Излезете од вашиот дом и најдете начин да им помогнете на оние кои живеат најлошо. Сретнете се со нив, разговарајте, сфатете ги, живејте помеѓу нив и погледнете го светот преку нивните очи…

22. Волонтирајте – Помогнете им на организациите за бездомници. Помогнете им на болните, хендикепираните или на оние кои се на смртната постела.

22. Играјте со деца – Децата најмногу од сите знаат како вистински да живеат. Тие го доживуваат секој момент целосно. Научете нешто повеќе од нив!

23. Разговарајте со постари луѓе – Не постојат помудри и поискусни луѓе од оние кои го поминале поголемиот дел од својот живот. Тие знаат неверојатни приказни од кои можете премногу да научите.

24. Научете нови нешта – Постојано подобрувајте се себеси. Никогаш не стојте во едно место. Прифатете се себеси какви што сте и потоа насочете се кон различни начини на подобрување на вашите досегашни способности.

25. Пронајдете духовност – За некои ова значи пронаоѓање на Бог, Исус, Алах или Буда. За други, значи да се биде во тек со духовите на нашите предци или со природата. Некој пак верува дека тоа е нивната внатрешна енергија. Без разлика што точно значи за вас духовноста, обидете се повторно да ја пронајдете.

26. Направете си кратка пензија – Не оставајте ја радоста на пензионирањето за кога ќе бидете престари да уживате во неа. Направете ја сега додека сте млади и употребете го тој слободен период за сите оние работи кои сакате да ги направите во вашиот живот.

27. Не правете ништо – Понекогаш неправењето ништо има голема вредност за нас. Научете да бидете мирни, во тишина, да го слушате вашиот внатрешен глас и да бидете синхронизирани со вашиот живот. Ако имате можност, правете го ова секојдневно.

28. Прекинете со играњето видеоигри – Тие можеби се забавни, но понекогаш знаат да ни одземаат премногу време. Најдете нешто друго што би можеле да правите, надвор на чист воздух…

29. Секојдневно гледајте го зајдисонцето – Најдете добро место од каде што ќе можете постојано да уживајте во најубавиот дел од денот.

30. Прекинете со читањето на списанијата – Тие постојано ги трошат вашите пари и време. Ако сакате нешто да читате најдете добра книга во која ќе можете целосно да уживате.

31. Прекинете ги секојдневните ритуали – Дали секој ден на ист начин ги завршувате сите работи? Бидете малку креативни и променете го тоа. Пробајте нешто ново, нешто различно. Тргнете по друг пат накај работа, погледнете ги нештата од малку поинаква перспектива…

32. Не гледајте вести – Тие често се депресивни и бескорисни лично за вас. Ако се случува нешто премногу важно, сигурно ќе го дознаете од најблиските.

33. Смејте се додека не почнете да плачете – Смеењето е најдобриот начин за живеење. Кажувајте многу шеги, гледајте добра комедија и опуштете се целосно кога се смеете без разлика каде се наоѓате.

34. Дозволете си да изгубите контрола – Лоша е навиката да имате потреба се да контролирате. Тоа ве држи под постојан стрес и ги прави несреќни оние врз кои имате најголемо влијание. Живејте го својот живот и оставете ги другите да го живеат нивниот.

35. Плачете – Мажите, за разлика од жените многу често ги воздржуваат своите солзи. Но, плачењето е еден од најдобрите начини за ослободување на стресот. Дозволете си одвреме-навреме по некоја солза и многу брзо ќе го сфатите нивното смирувачко дејство.

37. Направете одличен десерт – Сте направиле нешто добро? Сте ја завршиле својата работа навреме? Почестете се со омилениот десерт и уживајте во својот успех.

38. Пробувајте нешто ново, секоја недела – Запрашајте се себеси: „Што ново би требало да пробам неделава?“ И потоа осигурете се дека ќе го направите тоа. Новото искуство во секое време е добредојдено!

39. Живејте го моментот – Наместо да размислувате за нештата кои треба да ги направите или да чекате работите сами да ви се случат, преземете ги работите во свои раце. Никој не може да ја заврши вашата работа подобро од вас самите, без разлика дали се работа за вашата кариера или за обично лично задоволство како десертот…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Александар Reply

    Фала на текстот, навистина инспиративно…

Остави коментар