36 правила кои секоја независна жена ги следи на нејзиниот пат кон успехот

36 правила кои секоја независна жена ги следи на нејзиниот пат кон успехот

Има толку многу правила низ социјалните медиуми за тоа како да го олицетворите поимот „успешна жена“ со сите особини на смелост, независност и авторитет кои ги носи. Исто како што мажите имаат листи кои ги опишуваат сите карактеристики на еден џентлмен, така и жените треба да имаат една листа која ги вбројува сите непишани правила кои постојат, за тоа како да се биде една силна дама. Некои од нив не се вродени и бараат малку труд и внимание, но крајниот резултатот без сомнение вреди.

36 правила кои секоја независна жена ги следи на нејзиниот пат кон успехот

1. Никогаш немојте да имате лош здив. Нема ништо полошо од убава жена со неубав здив. Секогаш носете мастика или бонбони со вас.

2. Знајте ја вашата граница на пиење. Избегнете ги главоболките, мачнината, мамурлакот и нејасниот говор. Откријте го вашиот лимит.

3. Одвреме-навреме патувајте сами. Ќе научите многу за себе и за различните култури на земјата која ќе ја посетите и ќе ги доживеете на сосема поинаков начин.

4. Секогаш имајте еден секси црн фустан кој можете да го носите во секоја прилика.

5. Носете ја вашата вистинска величина, а не величината која сакате да ја носите.

6. Не користете шминка. Но, ако веќе морате и сакате, тогаш секогаш одлучете за онаа која е лесна и ненападна.

7. Имајте три резолуции кои ќе бидат вашето животно мото. На пример: сакајте се себеси, останете мотивирани и бидете флексибилни.

8. Излезете или одете во кино сами. Не мора да ги направите двете во иста вечер, но некогаш одвојте време и направете барем една од нив.

9. Не озборувајте ги другите жени.

10. Правете клекнувања и други вежби за нозе секој ден. Вашето тело ќе ви биде благодарно.

11. Научете дека поимот „секси“ е психолошки поим, а не физички. Ако вие не мислите дека сте секси, тогаш никој нема да ве гледа така.

12. Секогаш бидете тоа што сте. Немојте да се променувате само за некому да му се допаднете, не глумете некоја друга личност и не ги повторувајте другите.

13. Секогаш мирисајте убаво.

14. Никогаш немојте да се преправате дека сѐ е во ред со вашиот партнер. Така, тие ќе продолжат да го прават она во кое што мислат дека се добри, а всушност им е потребна помош за да го направат правилно.

15. Излезете со некој кој е целосно спротивен од вас. Ќе научите многу работи.

16. Одреден период живејте сами, без цимери, партнери или семејството.

17. Во ред е да имате врска преку интернет. Само треба да одлучите на кого вреди да го потрошите вашето време.

18. Поддржете ги целите и аспирациите на вашите пријатели. Помогнете им на секој можен начин.

19. Ако не знаете да одите на високи потпетици или ви е непријатно во нив, тогаш не ги купувајте.

20. Кога преговарате за платата, барајте ја истата сума која ја бараат мажите.

21. Во ред е да бидете сингл и да се фокусирате на себе и на својата кариера. Секоја жена најпрвин треба да научи да се сака себеси, пред да го засака нејзиниот партнер.

22. Кога излегувате, секогаш имајте дополнителна сума пари за такси.

23. Прифатете ја вашата сексуалност.

24. Секоја година, направете листа со цели кои ќе ги ограничите со буџет и следете ги.

25. Имајте тајна сметка за штедење која ќе ја користите исклучиво за итни ситуации и долгорочни цели.

26. Не се ограничувајте со ништо во животот, вклучувајќи ги кариерата, образованието, целите и партнерите.

27. Не лажете за вашата возраст. Прифатете ја.

28. Редовно одете на маникир и педикир.

29. Во ред е да побарате помош, но само откако сте се обиделе сами да ја направите работата и не сте успеале.

30. Основните три изговори за плачење се: смрт, среќа и скршени коски.

31. Купувајте имот и научете како рано да инвестирате.

32. Читајте секој ден за светот, за политиката, за научните иновации и за последните трендови.

33. Научете нешто за спортот. Изберете еден омилен тим, поддржувајте го, бидете му најголеми фан и дерете се на телевизорот како луди.

34. Кажувајте валкани шеги и научете како да бидете во тек со настаните.

35. Не слушајте ги осудувањата и критиките. Тие доаѓаат од несигурните луѓе.

36. Имајте свој сопствен стил.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар