35 знаци дека сте во врска со созреана и некомплицирана девојка
Ако сте биле доволно среќни да најдете некоја од овие видови жени, тогаш обидете се да ја задржите покрај себе што е можно подолго. Овие девојки се навистина реткост во денешниот свет, а многу момци не го забележуваат тоа сè додека не ги изгубат. Токму затоа, ако ги забележувате овие 35 знаци кај вашата моментална девојка, тоа значи дека покрај вас имате зрела и некомплицирана личност која вреди за вашето внимание.
1. Таа никогаш не очекува било какви материјални подароци и бескрајно ги цени оние кои ги добива.
2. Знаете дека можете да бидете искрени со неа без постојано да се грижите да не ѝ ги повредите чувствата.
3. Таа нема скриена агенда.
4. Таа ви верува и нема да се сомнева во секој ваш мотив.
5. Разговорот со неа е значаен – никогаш само за да се пополни тишината.
6. Покрај неа, ниту една тишина не е непријатна.
7. Таа чувствува задоволство кога прави нешта за вас.
8. Таа е проѕирна.
9. За секое прашање кое можеби го имате, таа има одговор и никогаш не се чувствува непријатно да разговара за нешто кои можеби ве загрижуваат.
10. Таа разбира дека врските функционираат како тим.
11. Вие не чувствувате притисок да имате планови со неа, доволно е само да бидете заедно, без разлика каде ќе завршите.
12. Ако дојде до тоа, таа ќе стави крај на вашата врска пред да го скрши вашето срце.
13. Она што го гледате, тоа и го добивате.
14. Таа е навистина фасцинирана од сите оние нешта кои вие сте.
15. Таа пред сè, најмногу го цени вашето партнерство.
16. Вам ви причинува задоволство да правите нешта за неа.
17. Кога таа вели дека е „добро“, навистина го мисли тоа.
18. Таа не чувствува потреба да изигрува жртва со цел да го добие она што го сака.
19. Таа никогаш не се труди да биде смирена, тоа природно ѝ доаѓа.
20. Таа не се нервира за ситниците и нема да се „казнува“ самата кога е под стрес.
21. Нејзините цели не се само безнадежни соништа, таа знае како да ги оствари.
22. Вие никогаш не чувствувате дека треба да се однесувате како друга личност покрај неа.
23. На неа ѝ е ретко здодевно, но кога тоа се случува, таа нема да се обидува да создаде драма само за побрзо да ѝ помине времето.
24. Таа знае дека животот е преполн со врвови и долини, па токму затоа го фокусира нејзиното внимание кон движење понатаму.
25. Таа ја разбира важноста на времето посветено само за неа.
26. Извинувањата не се толку големи нешта во нејзиниот ум.
27. Таа исто така знае и дека извинувањата не секогаш значат дека некој не бил во право.
28. Таа нема да заборави колку вреди додека истовремено е свесна и за вашата вредност.
29. Таа нема да биде љубоморна кога сте во интеракција со други луѓе.
30. Таа во вас гледа огромна поддршка, но и таа е вашата најголема поддршка.
31. Таа има и други нејзини интереси. Вие не сте единственото нешто во нејзиниот живот.
32. Не гледа поента во тоа да се има последниот збор.
33. Таа разбира дека животот е непредвидлив и кога нешто лошо ќе се случи, таа не го користи тоа против вас.
34. Таа нема задни намери. Вие знаете точно на што сте со неа.
35. Таа се обидува најмногу што може да избегне судир и ја цени повеќе вашата среќа отколку да биде во право.