35 најдобри модни совети на сите времиња
Автор: Сара Турановиќ
Модата се менува, стилот останува. Но, сепак низ целата модна историја останале неколку безвремени правила кои никогаш нема да излезат од мода. Ако сакате да ги дознаете, продолжете да читате.
1. Белата кошула е незаменлива! Одлично одговара на фармерки, панталони и сукњи.
2. Модните додатоци нека ви бидат во живи бои. Ќе ја направат неутралната комбинација да изгледа гламурозно. Ако сте храбри, чантата и чевлите може да бидат во јаки бои.
3. Ако нешто ви се допаѓа, слободно купете уште едно парче.
4. Тајната формула за удобност е 95% памук и 5% ликра. Дури и залепените панталони, за да бидат удобни треба да имаат најмалку 2% ликра.
5. Истите панталони не може да ги носите и на ниски и на високи чевли. Одлучете се и немојте да се предомислувате подоцна.
6. Ставете марама. Таа може да ја претвори обичната блуза во кул комбинација, а елегантниот фустан во лежерна комбинација.
7. Кожата покажете ја паметно. Одлучете се за еден дел од телото кој ќе го покажете зашто во спротивно ќе исчезне мистеријата.
8. Носете ја чантата дијагонално. Така ќе имате поголема слобода во движењето.
9. Немојте да купувате облека за која не планирате да се грижите. Ако знаете дека никогаш не би переле на рака, тогаш не купувајте облека која не смее да се пере во машина за перење.
10. Прифатете го вашиот облик на телото. Ако имате голем струк, не носете облека која го нагласува струкот и сл.
11. Пред да купувате направете листа. Не она што ви треба, туку 10 омилени парчиња што ги имате во плакарот. Тоа ќе ви помогне да не купувате облека која нема со што да ја комбинирате.
12. Подготвувајте се. Пример: ако купувате фустан за некој важен настан, понесете со себе и штикли да бидете сигурни како навистина ќе изгледа на вас.
13. Секогаш пред да излезете од дома, погледнете се во огледало. Не излегувајте додека не сте задоволни од она што го гледате.
14. Купувајте еден број помали залепени фармерки. Тие секогаш изгледаат подобро кога ве затегаат.
15. Исчистете го плакарот. Тој треба да диши, а вие јасно да гледате што сè има во него. Исфрлете го сето она што го немате облечено цела година.
16. Носете ланчиња. Може да носите ланчиња од ист материјал, или да контрирате различни материјали. Ланчињата во слоеви изгледаат супер.
17. Проценете ја поставата. Најчесто квалитетот на облеката зависи од поставата.
18. Ако ви се допаѓа некоја комбинација од излогот, а мислите дека не би ви одговарала, слободно експериментирајте, можеби е сепак добра за вас.
19. Бидете верни на дизајнерот или брендот што сте го одбрале, затоа што парчињата од една сезона одлично одговараат со оние од следната.
20. Кога не сте сигурни, носете крем боја на чевли. Тие секогаш се вклопуваат во сите комбинации.
21. Кога носите бело, замете предвид дека е повеќе проѕирно преку ден отколку истото да го носете навечер.
22. Ригите се одлични за викенд излегување. Даваат лежерен, но и дотеран изглед.
23. Освежете ги копчињата. Понекогаш изгледот на добрата кошула го уништуваат копчињата. Сменете ги копчињата сами или пак однесете ја кошулата на кројач.
24. Никогаш не купувајте досаден капут. Повеќето луѓе го гледаат вашиот капут иако вие носите супер комбинација под него, тие никогаш нема тоа да го дознаат.
25. Во плакарот би требало да имате бар едно парче со леопардски принт. Тој е безвременски, возбудлив и секогаш гламурозен.
26. Не ја вадете старата облека од магацинот. Модата се враќа, но не на ист начин. Комбинезонот од 2014 не е ни малку сличен на оној од седумдесеттите.
27. Немојте да купувате евтина облека ако не ја сакате. Ако не се чувствувате убаво и удобно во неа, едноставно нема потреба да ја купувате поради ниската цена.
28. Минимизирајте ја половината со широк појас. Не ставајте го на колковите.
29. Ставете елемент на изненадување. На пример, кожна јакна на елегантен фустан, или енергичен каиш. Контрастите го прават вашиот изглед совршен.
30. Ако имате ограничен буџет, искористете го за чанта и чевли. Добрите чевли и чантата ќе ја направат гламурозна секоја ваша комбинација.
31. Искомбинирајте широко со залепено. Не му стои на секој широка облека. Па ако имате некое широко парче облека искористете го и искомбинирајте го со залепени парчиња.
32. Облекувајте се како експерт. Не гледајте како се облекуваат остатокот од жените од вашето опкружување. Не дозволувајте тие да ги намалат вашите потенцијали и вкус за облекување.
33. Направете свој албум со комбинации. Добивте пофалби за денешната комбинација? Сликајте се, а потоа кога нема да знаете што да облечете ќе имате брз потсетник, а и ќе заштедите време.
34. Облекувајте се во склад со своето тело, а не според годините. Имате затегнати рамена за блуза без ракави? Тонирани нозе за шорц? Покажете го она што го имате.
35. Пазете да не заглавите во минатото. Фризурата која одлично ви стоела пред 10 години, денес сигурно е демоде. Или пак сукњата која одлично ви одговарала на 25 сега изгледа запуштено.
Прочитајте и: 42 кратки и евтини совети за убавина.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.