35 моќни причини во истиот овој момент да ѝ се заблагодарите на личноста која ја љубите

35 моќни причини во истиот овој момент да ѝ се заблагодарите на личноста која ја љубите

Иако вие искрено сте благодарни што тие се дел од вашиот живот, сепак, кога последен пат гласно сте им го кажале тоа? Не дозволувајте да се посомневаат во вашата љубов и заблагодарете им се за сите оние начини на кои тие го промениле вашиот свет и секојдневно ве прават подобра личност!

35 моќни причини во истиот овој момент да ѝ се заблагодарите на личноста која ја љубите

1. Ти благодарам што си жив/а.

2. Ти благодарам што се најде на истиот пат како и јас.

3. Ти благодарам што твоето присуство ги трансформира дури и најобичните нешта во неверојатни.

4. Ти благодарам за секој комплимент кој си ми го дал/а во вистинското време.

5. Ти благодарам затоа што секојдневно го извлекуваш најдоброто од мене.

6. Ти благодарам затоа што ме трпиш дури и во најлошите денови, а не само кога е добро.

7. Ти благодарам што ме слушаш, дури и кога не кажувам ништо важно.

8. Ти благодарам што ме слушаш на начин на кој мислам дека ни јас не се слушам.

9. Ти благодарам што се смееш со мене, а понекогаш и на мене.

10. Ти благодарам што наоѓаш време да ме насмееш кога ми е најпотребно.

11. Ти благодарам што ми помагаш да ја разберам и ценам мојата вредност.

12. Ти благодарам затоа што ме научи што навистина значи љубовта.

13. Ти благодарам што си трпелив/а кога поминувам низ лоши денови.

14. Ти благодарам што ме охрабруваш да бидам тој/таа кој/а навистина сум, со сите мои позитивни и негативни страни.

15. Ти благодарам што ми помагаш да ја прифатам мојата внатрешна чудност.

16. Ти благодарам што можам да ти ги доверам и моите најдлабоки тајни.

17. Ти благодарам затоа што нежно ѝ пристапуваш на искреноста.

18. Ти благодарам затоа што ме туркаш да се трудам повеќе.

19. Ти благодарам за твојата нескршлива лојалност.

20. Ти благодарам за поддршката во сите мои авантури.

21. Ти благодарам затоа што си мојот најголем фан.

22. Ти благодарам затоа што се грижиш за мене кога сум болен/болна и се чувствувам одвратно.

23. Ти благодарам што ме мотивираш да се грижам повеќе за себеси.

24. Ти благодарам затоа што си причината поради која сакам долг живот.

25. Ти благодарам затоа што ме правиш да бидам многу посилен/посилна.

26. Ти благодарам што ми опрости, дури и кога не требаше.

27. Ти благодарам што го зголеми моето срце.

28. Ти благодарам што правиш да се чувствувам многу поудобно.

29. Ти благодарам што ме научи на вистинското значење на домот.

30. Ти благодарам што ми даде простор кога ми беше потребен.

31. Ти благодарам што го гледаш најдоброто во мене, дури и кога јас не можам.

32. Ти благодарам што постојано успеваш да најдеш начини да ме изненадиш.

33. Ти благодарам што сонуваш со мене.

34. Ти благодарам што додаде боја на мојот живот и направи сè да изгледа возможно.

35. Ти благодарам што ми дозволи да влезам во твојот живот и да те љубам.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар