33 нешта на кои секоја мајка треба да го научи својот син
Доколку овие совети ви изгледаат познато, тоа сигурно е поради фактот што на некој начин се и еден вид универзални мудрости. Сите ние сме биле учени од родителите дека треба да бидеме добри и да се бориме за нашите ставови. И покрај тоа што овие нешта можат сите многу да нè научат за животот, сепак на мажите можат да им помогнат многу повеќе. Па, ако сте мајка на син, тогаш не заборавајте да го потсетите на овие 33 нешта…
1. Користи ја главата, но зборувај од срце.
2. Ретко давај збор, но кога ќе го направиш тоа, придржувај се до кажаното.
3. На крајот од секој ден запрашај се: „Што научив?; Што направив денес што не можев да го направам вчера?; Како го направив светот подобар?“
4. На почетокот од секој ден биди подготвен да одговориш барем на едно од погоре наведените прашања кои си си ги поставил претходната вечер.
5. Заштитувај ги и брани ги оние кои се послаби од тебе.
6. Почитувај ги другите.
7. Не си играј со чувствата на луѓето.
8. Бори се за она во кое веруваш, но не заборавај дека и другите луѓе имаат право на нивни верувања. Борењето за тоа може да биде најважното нешто кое си го направил во твојот живот.
9. Секогаш кога можеш теши ги луѓето кои имаат потреба од тоа.
10. Прави го она што го сакаш.
11. Добрината е најважна кога никој не гледа и кога не добиваш ништо од неа.
12. Репутацијата е она што другите го мислат за тебе. Карактерот е она што ти навистина си. Обиди се да го направиш твојот карактер твоја репутација.
13. Прво извини се за твоите зборови, а потоа за твоите дела.
14. Биди желен да простуваш и да ти биде простено.
15. Одбегнувај да го изразуваш гневот преку пишување. Размисли два пати пред да притиснеш „испрати“.
16. Кога се караш со твојата љубена, треба да се караш со цел да разбереш што таа се обидува да ти каже. Истото важи и за неа.
17. Традиционалните манири никогаш нема да бидат застарени.
18. Запомни дека постојат многу луѓе на овој свет. Личноста која те одбрала тебе го прави токму тоа: те одбира тебе.
19. Животот е прекраток за да бидеш несреќен.
20. Не можеш да го контролираш она што другите луѓе го прават, размислуваат или веруваат, па токму затоа не се ни обидувај.
21. Не се плаши да се надеваш.
22. Секогаш биди подготвен на сè.
23. Научи да танцуваш.
24. Средувај го твојот кревет секое утро.
25. Најди време за семејството.
26. Болката има почеток, средина и крај. Сети се на тоа кога ќе бидеш повреден.
27. Негувај ги великодушноста, издржливоста и кредибилитетот.
28. Ниту една работа или задача не е под твоето ниво. Прави го тоа што треба да биде направено.
29. Постои нешто што може да се научи од секого.
30. Најдобрите нешта во животот не се секогаш бесплатни, но тие се секогаш подобри доколку се споделат.
31. Биди добар со животните.
32. Дај им го на луѓето твоето целосно внимание.
33. Љуби со цело срце. Живеј со намера.