30 знаци кои покажуваат дека сте родени да бидете духовен исцелител
Како исцелител, вашиот дар е многу важен за општеството. Вие ја имате способноста да ја излечите душата на луѓето и да ги промените нивните животи. Но, животот на исцелителите не е секогаш лесен. Тие многу често имаат свои проблеми бидејќи секогаш се фокусираат на решавање на туѓите. Тие не само што ги игнорираат своите проблеми, туку го носат товарот и на другите. Сепак духовните исцелители секогаш успеваат да излезат на крај бидејќи тие знаат дека светот има потреба од нив. Ако мислите дека и вие спаѓате во оваа група луѓе, овие симптоми ќе ви помогнат да го утврдите тоа.
1. Премногу сте чувствителни на енергија.
2. Ги чувствувате емоциите и физичките болести на другите (емпати).
3. Интуитивни сте и лесно можете да ги прочитате другите.
4. Секогаш ја гледате големата слика и ретко се грижите за деталите.
5. Сте страдале од егзистенцијална депресија.
6. Поголемиот дел од животот сте се чувствувале како отпадник.
7. Размислувате поразлично од другите.
8. Се чувствувате преоптоварено кога сте опкружени со многу луѓе.
9. Сте имале проблеми со анксиозност и паника.
10. Вие сте оние кои ги смируваат караниците на другите.
11. Луѓето често ви се обраќаат кога им е потребна помош.
12. Имате проблеми со дигестивниот систем, болки во долниот дел од грбот или пак лесно се здебелувате околу стомакот (проблеми со чакрата во соларниот плексус).
13. Се чувствувате истрошено кога сте во јавност.
14. Чувствителните суштества како малите животни и децата чувствуваат привлечност кон вас.
15. Другите луѓе често ви го „оставаат“ нивниот емоционален товар за вие да се справите со него.
16. Секогаш го гледате и „сивото“ наместо да гледате сè како црно и бело.
17. Свесни сте за поврзаноста во животот и длабоко ја цените.
18. Повеќе верувате во синхроницитет отколку во случајности.
19. Имате историја на исцелители во вашето семејство, како на пример медицински сестри, психолози и слично.
20. Сте имале трауматично искуство во вашето детство. На пример губење член од семејството, болест, некаква злоупотреба, војна, ментално нарушување и слично.
21. Сте го имале вашето духовно будење.
22. Ја имате почувствувано темната страна на душата.
23. Повеќе ја користите десната страна за размислување отколку левата.
24. Чувствувате хронична болка во вашето тело (енергетски блокади).
25. Чувствителни сте на електромагнетно поле.
26. Склони сте кон привлекување луѓе на кои им е потребна помош, но многу често се заробувате во улога на жртва.
27. Вие сте одличен и сочувствителен слушател.
28. Природно ве привлекуваат професии со лекување кои им помагаат на другите.
29. Можете да ја чувствувате, разликувате и менувате енергијата во и надвор од вас.
30. Сте имале неколку мистични искуства.
Дознајте и кои се одликите на духовните учители.