30 трикови за подобар ден
Бенџамин Френклин рекол:
„Едно денес, вреди колку две утре“.
Вчера е минато, а утре е безмалку плод на вашата имагинација. Па така, денешниот ден е единствениот ден што вистински го живеете. Еве како можете да го направите подобар.
1. Започнете го денот неколку минути порано.
2. Работете на нешто што вам ви значи.
3. Завршете некоја важна или недовршена работа.
4. Поминете некое време со позитивни, пријателски настроени луѓе.
5. Направете нешто добро за некого.
6. Бидете присутни. Фокусирајте се на она што го правите во одреден момент, на одредено место, со одредени луѓе.
7. Завршувајте ги работите една по една.
8. Слушајте си ги гласовите во својата глава. Кога размислувате за негативни работи, пробајте да ја свртите работата од другата страна.
9. Смејте се, дури и кога нема посебна причина за тоа.
10. Исклучете се и забавувајте се додека ги доживувате секојдневните искуства во животот.
11. Појдете на некое ново место, видете нешто ново или запознајте нова личност.
12. Направете нешто што ќе ве насмее.
13. Предизвикајте си го умот – научете некоја нова вештина.
14. Предизвикајте си го телото – вежбајте 30 минути.
15. Дозволете му на некој да ви помогне.
16. Расчистете го нередот, ослободувајќи се од непотребните работи.
17. Бидете искрени со самите себе и со оние околу вас.
18. Не споредувајте се со други. Наместо тоа, дозволете тие да бидат инспирација за вас.
19. Поминете неколку минути во тишина, сосема сами и размислувајте.
20. Фокусирајте се на решенијата.
21. Бидете отворени за нови идеи и информации.
22. Прифатете важна две-минутна задача веднаш кога ќе ви биде доделена.
23. Држете се настрана од драмите на другите луѓе и не создавајте своја непотребно.
24. Кажете „Те молам“, „Извини“ и „Те сакам“ кога можете.
25. Не обидувајте се да ги направите сите задоволни. Правете го само она што знаете дека е правилно.
26. Јадете здраво, запазувајќи ги трите оброци: доручек, ручек и вечера.
27. Уживајте во едноставните нешта.
28. Забележете го она што е добро во светот и во вашата непосредна околина.
29. Размислете на сите нешта кои ги имате и почнете да го цените тоа.
30. Легнете си малку порано вечер за да бидете поодморени за утре. И запомнете: „насмевката е најубавата кривина на човечкото тело“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Насмевката е најубавата крива линија на човековото лице која може да исправи многу нешта! =)
добри трикови;) хах:)
Убави совети 🙂