30 разговори кои треба да ги направите со партнерот пред да стапите во брак

30 разговори кои треба да ги направите со партнерот пред да стапите во брак

Има некои работи кои едноставно мора да ги знаеме за личноста со која планираме да го поминеме остатокот од животот и нив обично спонтано и ги дознаваме. Секако дека има и такви работи кои треба да ги знаеме но никогаш не сме помислиле дека се важни, па може да се случи да бидеме изненадени дури и непријатно. Врските не се темелат на листи и не може детално да се планираат, затоа и се толку убави и возбудливи, но сепак добро е да имаме неколку нешта на памет кога носиме долгорочни одлуки.

Без разлика дали сте во долга врска и веќе сте сигурни дека знаете сѐ за партнерот или можеби влегувате во нова па сега се запознавате, прашањата на листава се одличен поттикнувач на разговор кој ќе ве направи поблиски од кога било.

30 разговори кои треба да ги направите со партнерот пред да стапите во брак

1. Кои се најважните спомени од твоето детство? Најубавите, најлошите, оние кои те дефинирале?

2. Каков е твојот однос со родителите? Дали сте поврзани или никогаш не сте биле премногу блиски? Што би променил/а?

3. Како ги решавате проблемите во семејството? Дали се чувствуваш сигурен/на да го кажеш своето мислење, дали има кој да те ислуша кога имаш проблем?

4. На каков начин те воспитувале? Дали биле строги или попустливи? Дали би сакал/а и ти така да ги воспитуваш своите деца?

5. Кои се твоите приоритети во животот?

6. Дали сакаш деца и кога би сакал/а да основаш семејство?

7. Какви биле твоите претходни врски? Дали биле сериозни, на какво емоционално и физичко ниво? Како се чувствуваш сега за твоите бивши партнери?

8. Кои се твоите религиозни убедувања? Колку ти е важна религијата? Дали ти е важно во што верувам јас? Дали очекуваш и јас да ги имам истите верувања како и ти?

9. Те интересира ли политика? Кои се твоите политички верувања? Што би променил/а во општеството кое нѐ опкружува?

10. Има ли некои традиции до кои се држиш и би сакал/а да ги одржуваш цел живот? Традиции поврзани со семејството, со религијата, свои лични традиции?

11. Каде сакаш да живееш? Каде не сакаш да живееш во никој случај?

12. Како сакаш да ја градиш твојата кариера? Кои се твоите амбиции, колку ти се важни? Дали некогаш кариерата би ја ставил/а пред семејството?

13. Дали би било проблем доколку заработувам повеќе од тебе?

14. Колку ти е важно образованието? Сакаш ли да се надградуваш на тоа поле?

15. Кои се твоите идоли? Зошто ти се важни?

16. Кој во твојот живот има најголемо влијание врз тебе и твоите одлуки?

17. Како очекуваш дека ќе бидат поделени улогите во нашиот брак? Дали воопшто ќе има разлика?

18. Дали развод би бил некогаш опција?

19. Како се чувствуваш за моите бивши врски? Дали ти смета доколку комуницирам со бившите партнери?

20. Дали ти се допаѓа моето семејство? Се чувствуваш ли прифатено од нивна страна?

21. Доколку некогаш згрешам, кој е најдобриот начин да ти се извинам за да знаеш дека навистина ми е жал?

22. Што е она што најмногу ти се допаѓа кај тебе? А кај мене?

23. Што е она што најмногу те нервира кај тебе? А кај мене?

24. Кои се твоите најголеми искушенија? На што не можеш да одолееш?

25. Која е твојата најголема желба? Можам ли да ти помогнам да ја оствариш?

26. Кој е твојот најголем страв? Како да ти помогнам доколку некогаш се соочиш со тој страв?

27. Дали некогаш би можел/а да живееш далеку од твоите најблиски?

28. Како се справуваш со гневот? Дали знаеш како да постапиш кога јас сум гневен/на?

29. Во какви ситуации се чувствуваш непријатно и засрамено?

30. Има ли некоја тајна којашто би требало да ја знам пред да стапиме во брак?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар