30 работи за кои ќе се каеме кога ќе остариме

30 работи за кои ќе се каеме кога ќе остариме

Младоста треба да се потроши на забава, авантура, искуства, учење… На што ќе кажете дека сте ја потрошиле вие вашата? Еве неколку работи за кои е многу можно да се каете во иднина, па преземете нешто ако сè уште имате време.

30-raboti-za-koi-kje-se-kaeme-koga-kje-ostarime-kafepauza.mk

1. Не сте патувале доволно додека сте биле помлади.

2. Не сте научиле нов странски јазик.

3. Сте останале во лоша врска премногу долго време.

4. Пропуштањето на шансата да ги видите вашите омилени бендови во живо.

5. Стравот да направите одредени нешта.

6. Необрнувањето внимание на вашата фитнес состојба.

7. Пропуштањето да направите работи кои сте ги сакале заради тоа што биле карактеристични за другиот пол.

8. Недавањето отказ од работата која сте ја мразеле.

9. Непосветувањето доволно внимание на училиштето и можноста да научите повеќе.

10. Мислењето дека не сте доволно убави, кога всушност, најубави сте во младоста.

11. Стравот да кажете „те сакам“.

12. Што не ги слушавте повеќе родителите, а сега сфаќате дека најчесто биле во право.

13. Постојаната окупираност со себеси и мислењето како вашиот живот е најлош.

14. Преголемата грижа што мислат другите луѓе.

15. Преголемото давање поддршка за остварување на туѓите соништа и занемарување на своите.

16. Непреболувањето на личноста од последната врска доволно брзо.

17. Долго држење лутина особено со луѓето кои ги сакате.

18. Недоволното залагање за себеси.

19. Запоставувањето на вашите заби.

20. Неискористувањето на можноста да волонтирате некаде.

21. Пропуштањето на можноста да ги прашате нешто вашите баба и дедо пред да умрат.

22. Премногу работа.

23. Откажувањето од завршување на нешто важно што сте го започнале.

24. Непреземањето ризици, особено во љубовта.

25. Што не сте извеле ниедна јавна точка пред други.

26. Непоминувањето доволно време со луѓето што ви значат.

27. Премногу грижи.

28. Премногу непотребно „драмење“ за небитни нешта.

29. Непосветувањето доволно време и напор за стекнување повеќе контакти.

30. Што не сте станале побргу благодарни за животот кој го имате.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар