30 работи кои треба да престанете да си ги правите себеси

30 работи кои треба да престанете да си ги правите себеси

Не можеме да се вратиме назад во времето и да промениме некои работи. Исто така можеби не можеме премногу да влијаеме на нештата коишто ни се случуваат, но можеме да одбереме како ќе реагираме. Секој ден нуди нов почеток. Пред да почнете да го менувате вашиот живот, потребно е да се откажете од сè што ве кочи. Време е да престанете да ги си правите овие 30 работи.

30 работи кои треба да престанете да си ги правите себеси

1. Престанете да трошите време на погрешни луѓе. Животот е прекраток за да го поминувате со луѓе кои ја „цицаат“ вашата среќа. Ако некој ве сака во неговиот живот, ќе направи место. Немојте да вложувате труд во луѓе кои ве потценуваат. Не заборавајте дека вистинските пријатели се со вас и кога се чувствувате најлошо, а не само во добрите моменти.

2. Не бегајте од проблемите туку соочете се со нив. Не е лесно но тие ве прават нервозни, тажни, повредени и загрижени. Обидете се секој проблем да го гледате како прилика за учење, созревање и напредок.

3. Не лажете се, дури и ако го лажете целиот свет. Вашиот живот ќе се менува најдобро ако ризикувате, а првиот и најтежок ризик е да бидете искрени кон себе.

4. Не ставајте се во втор план. Во љубовните врски најболно е кога некој се губи бидејќи премногу сака некој друг. Помагајте им на другите, но не заборавајте на себе. Ако се најдете во ситуација во којашто би требало да ги следите вашите желби и да направите нешто што ви е важно, направете го тоа.

5. Не обидувајте се да бидете нешто што не сте. Еден од најголемите предизвици во животот е да бидете свои во свет кој постојано очекува да бидете нешто друго. Секогаш ќе има некој поубав, попаметен или помлад од вас, но никој нема да биде вие. Не менувајте се само за да ги задоволите желбите на другите.

6. Не живејте во минатото. Не можете да започнете ново поглавје од животот ако постојано го читате претходното.

7. Не плашете се од грешките. Да работите и да грешите е многу попродуктивно отколку да не правите ништо. Секој успех остава трага од неуспех зад себе.

8. Не грижете се за старите грешки. Можеби сте сакале погрешна личност и сте плачеле за лошите моменти од минатото, но грешките ви помагаат да откриете што е добро за вас. Што и да ви се случило ве подготвило за иднината што ве очекува.

9. Не обидувајте се да ја купите среќата. Она што навистина причинува задоволство е бесплатно – љубов, смеа и активности што ве исполнуваат.

10. Не барајте ја среќата кај другите. Ако не сте задоволни самите со себе, нема да бидете задоволни ни со некој друг. Стабилизирајте го вашиот живот пред да го поделите со некого.

11. Не размислувајте премногу и не создавајте проблеми што не постојат. Проценете ја ситуацијата и реагирајте одлучно.

12. Не мислете дека не сте подготвени. Никој не е целосно подготвен кога се укажува прилика. Повеќето прилики ќе ве натераат да излезете од вашата удобна зона.

13. Не започнувајте врска од погрешна причина. Подобро е да бидете сами отколку во лошо друштво. Немојте да брзате. Ако нешто треба да се случи, ќе се случи во вистинското време, со вистинската личност и поради вистинската причина.

14. Престанете да ги одбивате потенцијалните врски само затоа што претходните биле неуспешни. Во животот постои причина зошто сте сретнале некои луѓе. Некои ќе ве тестираат, некои ќе ве искористат, а некои ќе ве научат на нешто. Најважно е што постојат луѓе кои ќе го извлечат најдоброто од вас.

15. Престанете да се споредувате со другите. Не грижете се што другите прават подобро од вас. Успехот е борба со самите себеси.

16. Не им љубоморете на другите. Запрашајте се што имате вие за што другите ви завидуваат. Со ова немојте да чувствувате гордост, туку себепочитување и благодарност.

17. Не жалете се. Можеби не знаете зошто нешто ви се случува и веројатно ви е многу тешко. Сепак, сетете се на проблемите од минатото. Ќе забележите дека многу од нив ве однеле на подобро место со подобри луѓе.

18. Престанете да бидете злопамтило и не живејте со омраза во срцето. Со тоа си наштетувате себеси, а не на луѓето кои ги мразите.

19. Не спуштајте се на туѓо ниво. Немојте да ги намалувате вашите критериуми за да се чувствуваат удобно оние кои не сакаат да се издигнат.

20. Не оправдувајте им се на другите. Пријателите немаат потреба од тоа, а непријателите нема да ви поверуваат. Правете го она што сметате дека е исправно.

21. Немојте да работите без пауза. Ако немате време да земете воздух, време е за одмор. Понекогаш е потребно да се оттргнете од она што го работите за нештата да ви станат појасни.

22. Престанете да ја потценувате убавината на малите моменти. Уживајте и во малите работи бидејќи некогаш може да сфатите дека биле навистина големи.

23. Не обидувајте се да постигнете совршенство. Животот не ги наградува перфекционистите, туку оние коишто работат како што треба.

24. Не го одбирајте полесниот пат. Ако сакате да постигнете нешто големо, тоа сигурно нема да биде лесно.

25. Престанете да се однесувате како сè да е во ред кога не е. Понекогаш во ред е нештата да се распаднат. Нема потреба да се преправате дека сте силни и да докажувате дека сè е во ред. Ако ви се плаче, плачете.

26. Не ги обвинувајте другите за вашите грешки. Кога го правите тоа не превземате одговорност па им дозволувате на другите да го контролираат вашиот живот.

27. Не обидувајте се на сите да им бидете сè. Доволно е да насмеете само една личност.

28. Престанете со претераното грижење. Ако се грижите не значи дека следниот ден ќе биде полесен. Размислете дали причината за вашата грижа би била важна за 1 година, или за 3, или за 5. Ако одговорот е не, не вреди да се грижите.

29. Не размислувајте за она што не сакате да се случи, фокусирајте се на она што го сакате. Ако секое утро помислувате дека ќе ви се случи нешто убаво, ќе забележите дека сте биле во право.

30. Престанете да бидете неблагодарни. Без разлика колку ви е тешко или убаво, секое утро заблагодарувајте се за вашиот живот. Наместо да мислите на нештата што ги немате, сетете се на она што веќе е ваше.

Прочитајте ги и овие совети што ќе ви помогнат да ја развиете љубовта кон себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар