30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30

30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30

Дваесеттите се луди и незаборавни, но неизбежен е фактот дека созреваме и колку и да е прекрасна таа декада од нашиот живот, сепак се движиме кон 30-тите. Тоа не значи дека животот ќе престане да ни биде забавен, напротив. Сите ние се менуваме со тек на време и лошите навики треба да ги оставиме зад себе. Еве на што треба да престанете да трошите време во вашите 20-ти и воедно што треба да престанете да правите.

30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30

1. Да се однесувате како домот на вашите родители да е хотел

Вие сте возрасни и имате обврски во домот и иако секогаш ќе останете нивни „деца“, вашите родители не се должни да се грижат за вас кога сте возрасни. Во текот на оваа декада најверојатно ќе се иселите од нивниот дом и треба да покажете колку сте созреале.

2. Да продолжите да одите кај лош фризер

Во неколку наврати се покажало дека вашата фризерка знае како да ви ја утне фризурата, но вие сепак продолжувате да одите кај неа. Доколку седите на столчето молејќи се во себе дека овој пат ќе излезе на добро, значи дека е време да го смените фризерот. Животот е премногу краток за да имате лоша фризура.

30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30

3. Да купувате тинејџерска облека

Не значи дека треба да почнете да се облекувате како баби, но премногу разголени и провокативни парчиња веќе не ви прилегаат. Секако дека ќе покажете дека сте секси, но на софистициран и женствен начин. Престанете да се облекувате како тинејџерка доколку наближувате 30.

4. Да носите здодевни патики

Секако, белите и црните патики се супер бидејќи одговараат со сè и нема да направите утка. Но, охрабрете се и купете ги тие дреч розови патики кои веќе подолго време ги гледате во излог. Тоа што станувате дел од светот на возрасните не значи дека треба да станете здодевни.

5. Да се преоптоварувате со броење калории

Уживајте во храната наместо да се преокупирате со калории и да кукате за накаченото кило. Верувајте, така сте им здодевни на сите околу вас. Сите ние понекогаш знаеме да претераме со храната, но тоа не е грев. Секогаш можете да истрчате неколку круга и да се чувствувате повторно фит.

30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30

6. Да трошите пари на неквалитетни парчиња облека

„Не сум толку богат за да купувам евтино.“ Ставете им крај на крпчињата кои ги купувате на распродажба само затоа што се евтини, а ако размислите подобро сте ги облекле само еднаш или ни еднаш. Паметно раководете со вашите финансии и купувајте квалитетни парчиња. Се сеќавате како вашата мајка секогаш го проверуваше квалитетот на секое парче пред да ви дозволи да го пробате и купите? Време е да бидете зрели и паметни исто како вашите мајки. Покрај цената забележете го и квалитетот и секако, реално размислете дали тоа парче ви е потребно и дали ќе го облечете повеќе од еднаш.

7. Да ги обвинувате другите за сè што не ви одговара

Сте чуле ли дека кога покажувате со прст кон некој друг, другите три прста се свртени накај вас? Кога ќе научите прво себеси да се преиспитувате и реално да размислите што е тоа што вие можевте да го направите подобро, ќе почнете повеќе да успевате и да не си ги повторувате грешките. Не сте веќе деца и не може да цимолите за секој ваш неуспех обвинувајќи некој друг. Време е да преземете одговорност.

8. Да не почитувате договори

Не заборавајте што сте ветиле и каков договор сте направиле. На вашите пријатели им треба човек на кој може да се потпрат. Доколку вашата пријателка зела слободен ден и организирала одење негде, не смеете да ѝ откажете во последен момент со некој беден изговор.

9. Да се срамите од она што ве прави среќни

Не е грев тоа што во сабота навечер сакате да останете со семејството и да гледате филм. Тоа ве прави среќни и тоа ви е потребно во моментот.

30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30

10. Да носите стари, големи пижами

Слободно бидете секси и не одете на спиење како да сте во вреќа. Малку чипка не е на одмет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар