30 работи кои секогаш треба да БИДЕТЕ

30 работи кои секогаш треба да БИДЕТЕ

„Вчера е историја, утре е мистерија, а денес е подарок кој го нарекуваме сегашност.“ – Бил Кејн.

30 работи кои секогаш треба да БИДЕТЕ

1. Кога ќе се разбудите во нов ден, БИДЕТЕ благодарни што добивате нова шанса.

2. Кога другите си поминуваат по полесниот пат, вие БИДЕТЕ оние што ќе одат по вистинскиот.

3. Кога нешто мора да се направи, БИДЕТЕ проактивни.

4. Кога ќе ви се појават повеќе прилики, БИДЕТЕ решителни кон она што ви е приоритетно.

5. Кога ви е важно да успеете во нешто, БИДЕТЕ отворени за тоа и настојувајте да успеете.

6. Кога вашата работа ви создава притисок, БИДЕТЕ загрижени само за вашиот следен мал чекор.

7. Кога сте загрижени, БИДЕТЕ фокусирани на она што можете да го контролирате.

8. Кога ќе ви се појават вистински проблеми, БИДЕТЕ спремни однапред да ги дочекате.

9. Кога се прават грешки, БИДЕТЕ ОК со нив и учете од нив.

10. Кога имате нешто да кажете, БИДЕТЕ подготвени да го кажете тоа што го мислите.

11. Кога нешто што е направено во минатото сè уште не функционира, БИДЕТЕ вие промената која треба да се случи за тоа да се промени.

12. Кога другите имаат поинакво мислење, БИДЕТЕ отворени за нови идеи.

13. Кога сомнеж го јаде вашиот мозок, БИДЕТЕ сигурни во своите способности.

14. Кога другите инсистираат работите да се направат на одреден начин, БИДЕТЕ оние кои ќе ја следат својата интуиција.

15. Кога сте тажни, БИДЕТЕ доволно храбри да се смеете и без разлика на тоа.

16. Кога чувствувате дека се натрупувате со стрес, само паузирајте за момент, БИДЕТЕ вие и дишете.

17. Кога ќе се случи нешто неочекувано, БИДЕТЕ флексибилни и прилагодливи.

18. Кога нешто нема логика, БИДЕТЕ скептични, барајте докази и поставувајте прашања.

19. Кога некој ќе ве повреди, БИДЕТЕ желни да простите и да сакате повторно.

20. Кога во врската сте постојано повредувани, БИДЕТЕ желни да ја оставите зад себе и да ја рефокусирате љубовта и почитта кон себе.

21. Кога некој има нешто што вие го сакате, БИДЕТЕ среќни за него.

22. Кога сите се натпреваруваат, БИДЕТЕ си вие сами на себе конкуренција – победете ги сопствените рекорди.

23. Кога сте присилени да БИДЕТЕ некој што не сте, само бидете тоа што сте.

24. Кога не сте сигурни што имате да понудите, БИДЕТЕ искрени и понудете ја вашата искреност.

25. Кога ќе наидете на непознат на улица, БИДЕТЕ причина за неговата насмевка.

26. Кога се чувствувате дека сте го освоиле светот, БИДЕТЕ рацете кои ќе ги повлечат и останатите нагоре.

27. Кога на некој кој ви е близок сте му потребни, БИДЕТЕ таму без прашања и колебање.

28. Кога некого вистински сакате, БИДЕТЕ полни со љубов, и преку зборови и преку дела.

29. Кога е време за одмор со вашето семејство, заборавете на сè друго и БИДЕТЕ целосно присутни во моментот.

30. Кога денот конечно ќе заврши, БИДЕТЕ спокојни знаејќи дека сте дале сè од себе.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар