30 причини зошто новите генерации воопшто не одат на љубовни состаноци
Љубовните состаноци се огромен дел од нашите животи. Или барем би требало да бидат. Тие имаат своја цел која изгледа во последно време голем број луѓе често ја забораваат. Погледнете зошто…
1. Никој од нас не знае што сака, изгледа ние истовремено и сакаме и не сакаме љубовна врска.
2. Ние веруваме дека тие се премногу тешки, и во право сме. Но, не заборавајте дека сè што вреди е тешко.
3. Ние сме премногу пребирливи.
4. Изгледа сите сме заборавиле дека проблемот прво се бара во нас, а потоа во другите.
5. Што ако најдеме некој/а подобар/подобра?
6. Поголемиот дел од нас не знаат како да сакаат, но цврсто сме убедени дека го знаеме тоа.
7. Сите живееме во илузија дека совршенството може да биде достигнато, па кога работите ќе станат потешки, веднаш бараме начин да избегаме.
8. Се плашиме од обврзување.
9. Имаме тенденција да ги саботираме врските бидејќи се плашиме од скршено срце.
10. За некои луѓе, совршениот состанок е пица, филм и секс. Најчесто по тој редослед.
11. Го измисливме терминот „пријатели со бенефиции“ само колку да не мора да разговараме за нашиот љубовен статус.
12. Повеќето од нас сме неверојатно многу фокусирани на нашите лични цели што забораваме дека најважната цел од сите е наоѓањето на личност со која ќе го делиме нашиот живот.
13. Ние се сакаме многу повеќе отколку што треба и многу ретко дозволуваме некој друг да се вмеша во нашите животи и да нè исфрли од колосек.
14. Сме изгубиле „кондиција“ за љубовни состаноци и едноставно немаме трпение да ја изградиме одново.
15. Некои од нас премногу се мразиме и не веруваме дека сме вредни за туѓа љубов. Тажно, но вистинито.
16. Имаме премногу можности. Светот станува сè помал, а ние сè помалку способни да го најдеме нашиот пат низ толпата.
17. Многу тешко се разбираме самите себеси.
18. Ние сме шворц, а состанувањето е скапо.
19. Едвај се справуваме со нашите проблеми, па токму затоа не можеме да одвоиме време и за проблемите на друга личност.
20. Понекогаш знаеме да бидеме многу себични и да мислиме само на себе.
21. Имаме чувство дека можеме да живееме и без партнер, сè додека не го сфатиме спротивното.
22. Веруваме дека љубовта е еден вид бајка, па го чекаме нашиот принц на бел коњ или принцезата со долг фустан.
23. За некои од нас љубовните состаноци се здодевни, ако се само со една личност.
24. Некако сме се убедиле дека сексот со непозната личност е подобар од сексот со личност во која сме заљубени.
25. Постојано сме во потрага на среќен крај, но се плашиме навистина да го пронајдеме.
26. Љубовните состаноци водат кон брак, а бракот кон децата. А од што се плашиме ние најмногу? Од сите овие нешта.
27. Ние истовремено сакаме да бидеме независни и не сакаме да бидеме осамени, па токму затоа се наоѓаме на половина пат со личност која го има истото мислење.
28. Едноставно не го сфаќаме животот.
29. Не разбираме што точно може да биде една љубовна врска, но ние не сме виновни за тоа. Виновно е општеството.
30. Бараме партнери за храна, пијалаци и секс, а не за љубов и партнерство.