30 нешта што се случуваат кога ќе се заљубите во животот дома

30 нешта што се случуваат кога ќе се заљубите во животот дома

До неодамна не сте можеле ни да замислите да пропуштите забава или да се вратите дома трезни, но изгледа како нештата драстично да се смениле и едноставно не можете да си објасните што се случило. Наместо журкање со пријателите, попрво би лежеле на удобниот кауч, наместо бурни ноќи до раните утрински часови, попрво би си легнале порано за убаво да се наспиете… Се пронаоѓате? Погледнете ги следните 30 нешта што со сигурност ќе ви се случат кога ќе се заљубите во животот дома…

30-neshta-shto-se-sluchuvaat-koga-kje-se-zaljubite-vo-zhivotot-doma-www.kafepauza.mk

1. Почнувате да си легнувате многу рано.

2. Почнувате и да се будите многу рано. Дури и за викендите.

3. Трошите повеќе пари за намирници бидејќи повеќе готвите и јадете дома.

4. Купувањето во маркет и подготовката на храната ве возбудува.

5. Сте престанале да се грижите за отворањата на „жешките“ нови ресторани.

6. Попрво би лежеле на удобниот кауч наместо да се туркате во голема толпа.

7. Сите ваши стравови од пропуштање магично се трансформирале во радости за пропуштеното.

8. Се жалите колку е тешко да изберете што да гледате на Нетфликс, па дури и на телевизија.

9. Сериозно, понекогаш ви требаат од 30 до 40 минути да одберете филм или ТВ серија.

10. Дури и сонувате да создадете апликација што ќе ви помогне при изборот за што да гледате.

11. Но, кога ќе сфатите колку време и труд треба да се вложи во тоа, веднаш се премислувате.

12. Имате многу време за измислување нешто ново. А можеби и не. Зарем е важно?

13. Се чудите како порано сте имале толку интензивен социјален живот.

14. Во последно време попрво би останале дома во пижами отколку да излезете дотерани.

15. Одите на социјалните настани од најблиските само затоа што не можете да ги избегнете.

16. А кога ќе се појавите на ваков настан, лесно изведувате „худини“ и ве снемува на прва шанса.

17. Интересно е што не ни имате облека за излегувања, па мора да импровизирате.

18. Но, поседувате МНОГУ удобна облека за лежење по дома.

19. Во ретроспектива, високите потпетици изгледаат многу тешки за користење.

20. Исто така, обожавате попусти.

21. Прво проверувате дали некаде има попуст, а дури потоа одлучувате дали вреди за да излезете.

22. Би направиле буквално сè за да одбиете покана и да се дружите со блиските дома.

23. Читате многу книги.

24. И едвај чекате да си легнете порано за викендите наместо да испиете уште една пијачка.

25. Се негувате со топли бањи и хранливи маски за лице.

26. Не носите шминка, освен ако не е специјален настан, како венчавка на најдобрата пријателка.

27. Не се сеќавате кога последен пат сте се разбудиле со мамурлак.

28. Уживате во ритуалите како „филмски маратон“ или „целодневно гејмање“.

29. Правите забавни работи во првата половина од денот, а потоа одмарате до следното утро.

30. Конечно ја сфативте вредноста на забавувањето и ценењето на животот.

Прочитајте ги и овие размислувања во кои ќе се пронајдат само „бабите“ во друштвото!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар