30 нешта кои треба да ги запомните за вашата мала ќеркичка

30 нешта кои треба да ги запомните за вашата мала ќеркичка

Родителството не е лесна задача и многу често се случува да се заборави дека децата се само мали човечиња кои сè уште не сфатиле кои се. Токму затоа погледнете ги следниве совети кои ќе ве потсетат на сите оние нешта кои навистина ѝ се важни на вашата мала ќерка со цел да бидете подобар родител за неа.

(1) 30 нешта кои треба да ги запомните за вашата мала ќеркичка

1. Таа ужива во вашата прегратка, без разлика на тоа што секојдневно расте.

2. Но, кога ќе „порасне“ едноставно не смеете ни да помислите да ја допрете ако таа не го посака тоа!

3. Вие сте нејзината омилена личност на целиот свет.

4. Но, 5 минути подоцна таа нема да може да поднесе ниту уште една секунда во ваша близина!

5. Додека дојде вечерата, вие повторно ќе станете најдобри пријатели.

6. Таа е паметна. Дури и премногу паметна за нејзино добро.

(2) 30 нешта кои треба да ги запомните за вашата мала ќеркичка

7. Без сомнение е смешна. Некој би рекол дури и урнебесна.

8. Вие не сте смешни. Во никоја ситуација.

9. Таа може да ја тресне вратата со сила на ураган.

10. Но, нема да го затвори фрижидерот дури и ако животот ѝ зависи од тоа.

11. Таа ќе мрази сè што ќе ѝ купите за носење, особено ако не е во нејзината омилена боја.

12. Таа потајно сака да носи шминка, но не ѝ дозволувајте да порасне пребрзо.

(3) 30 нешта кои треба да ги запомните за вашата мала ќеркичка

13. Може да јаде овошни закуски 24/7 и би било будалесто да ѝ предложите нешто друго.

14. Таа мисли дека можете да направите сè. И во право е.

15. Таа мисли дека и самата може да направи сè. Повторно, во право е.

16. Ќе дојде и ден кога таа целосно ќе се сомнева во своите способности и ваша работа е да ја потсетите на вистината.

17. Има потреба од приватност и гласно ќе ве потсетува да не го заборавите овој факт.

18. Оваа недела, сè што сака е да тренира кошарка. Следната, балет. Неделата потоа, карате. Во ред е да ѝ дозволите самата да се пронајде.

(4) 30 нешта кои треба да ги запомните за вашата мала ќеркичка

19. Розово е за мали бебиња. Таа сака тиркизна или резеда детска соба.

20. Се плаши да биде различна од другите нејзини врснички.

21. Има повеќе личности во неа. Но, тоа е сосема нормално.

22. Многу брзо ќе го открие сарказмот, ако веќе не го сторила тоа. Подгответе се!

23. Бидете нежни. Таа можеби се прави силна, но многу е кршлива.

24. И покрај тоа што расте, неизмерно ѝ е потребна нејзината мамичка.

(5) 30 нешта кои треба да ги запомните за вашата мала ќеркичка

25. Иако никогаш не би ви го признала тоа.

26. Таа во вас бара насоки за како да се однесува во светот како жена. Бидете соодветен модел на однесување.

27. Но, сепак ќе се споредува и со другите девојчиња на нејзина возраст.

28. Со тек на време ќе најде недостаток за себе.

29. Потсетувајте ја дека е навистина неверојатна.

30. Секој ден!

(1) 30 нешта кои треба да ги запомните за вашата мала ќеркичка


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар