30 мали нешта кои инстантно ќе го подобрат вашето расположение
На светот постојат многу мали нешта кои веднаш ќе го подобрат вашето расположение. Без разлика дали е тоа слушањето на омилената песна, помагањето на непознат човек на улица или пак чувањето милениче. Бидете среќни и расположени секогаш, но ако не знаете поради кои причини, тогаш погледнете ги овие 33 мали нешта кои ќе овозможат вашата насмевка секојдневно да танцува на вашето лице.
1. 20 секунди гушкање го стимулира хормонот за среќа.
2. Откажете се од некоја мала работа, на пример цело пакетче мастики на ден, бидејќи штедењето позитивно влијае на психата.
3. За една негативна мисла, мора да помислите барем три среќни.
4. Гледањето во сина боја ги поттикнува среќните мисли. Небо, море или некој син предмет, зошто да не?
5. Вдишувањето убав мирис може да ја избрка анксиозноста. На врвот на листата се: јасмин, лимон, сладунец и лаванда.
6. Една студија во која учествувале 80.000 луѓе покажала дека личностите кои околу 19 часот ќе внесат 80 грама овошје или зеленчук, имаат поголем оптимизам во поглед на својата иднина.
Само еден поглед на овие нешта ќе ви го стопли срцето
7. Како славните личности јадат брза храна.
8. Стар пар кој се држи за раце.
9. Излогот на слаткарница.
10. Маж со букет во рака.
11. Животни кои имитираат луѓе. Како на пример куче зад волан.
12. Јапонските истражувања покажуваат дека фотографиите од бебиња ја зголемуваат продуктивноста на работа и поттикнуваат блаженство.
13. Читањето на книгата „Гордост и предрасуди“ од Џејн Остин дефинитивно го подигнува расположението.
14. Кога сте на работа, присетувајте се на 3 работи во кои сте добри. Тоа помага кога сте несигурни во себе.
15. Секој ден носете различен пар обувки.
16. Најдете своја оаза, некое кафуле, во кое ќе одите по својата доза позитивна енергија.
17. Истегнете го телото пред спиење. Тоа гарантирано ќе ве релаксира до максимум.
18. Вдишувајте 5 секунди, задржете го здивот 5 секунди и издишувајте пополека во рок од 5 секунди.
19. Кажете НЕ на работите кои не сакате да ги направите!
20. Нашиот мозок може да запомни 5 работи истовремено пред да започне да ги заборава и меша. Држете се до ова правило за да го намалите стресот.
Принципи за среќа
Драгана Јовановиќ, јога инструктор, тренер за личен развој и писател на книгата „Среќата е во нас“, смета дека самите ние сме одговорни за тоа колку среќа имаме во нашиот живот. Преземањето на одговорноста за среќа започнува со одлуката дека сакате да бидете среќни и откривањето на причините кои ве прават несреќни. Дури тогаш ќе станете волшебник на вашата среќа.
21. Препуштете се и верувајте им на своите сетила, на својата интуиција. Колку побрзо ќе сфатите дека енергијата е начин на комуникација која вашата душа ја разбира, ќе почнете да зборувате на својот мајчин јазик.
22. Без опростувањето на себе и на другите за работи кои не можете да ги промените – немате среќна иднина. Среќата постои само во сегашниот момент. За да живеете среќно денес, треба да се ослободите од сè она што ви ја труе вашата сегашност и ве држи врзани за минатото.
23. Ослободете се од навиките и зголемете ги шансите за среќа. Среќните луѓе создаваат шанси за среќа. Доколку секогаш одите по ист пат, секогаш ќе стигнувате на истото место. Ако ги правите истите работи, секогаш ќе ги добивате истите резултати. Ако се дружите со исти луѓе, како би ја пронашле вашата сродна душа?
24. Среќата ги следи храбрите! Исчекорот од удобната зона треба да биде поради нешто што вам ви е важно, а не на вашите родители, деца, на околината… Тоа ќе ви ја даде потребната сила кога ќе треба да се соочите со некои потешкотии.
25. Нема среќа без здравје! Приказната за среќа започнува со практикувањето здрава исхрана, движење, доволен одмор, грижата за себе. Прашајте се дали живеете со погрешно уверување дека може да се чувствувате добро и да мислите позитивно, а да го занемарувате своето тело?
26. Направете листа на омилени песни која ќе ја слушате секогаш кога ќе бидете тажни. Не треба да зборуваме колку позитивно влијае музиката на нашето расположение.
27. 80% од мислите кои секојдневно минуваат низ нашата глава се негативни. Кажете си на себе „Јас го можам тоа“. Не започнувајте ја реченицата со „НЕ“, како што го правевте тоа досега.
Нешта кои ќе ви помогнат да престанете да се грижите
28. Секоја недела одвојувајте барем еден час за да ги решите бирократските проблеми. Не правете сè во последен момент.
29. Пружете си ден без никакви планови.
30. Насмевнете се сега и тоа веднаш!