30-годишници ги споделуваат своите каења за 20-тите години

30-годишници ги споделуваат своите каења за 20-тите години

Покрај тоа што може да се чувствувате „премногу стари“ во вашите дваесетти години, особено кога ќе сфатите дека сте поблиску до 30-от, отколку до 20-от роденден, сепак, вие сѐ уште сте многу млади и имате уште многу да проживеете. Во овие години правите дел од најголемите животни одлуки: Ја избирате вашата кариера, вашето место на живеење, вашиот партнер и слично. Во ред е ако чувствувате дека сте можеле да направите поразлични избори, но уште подобро е ако успеете да учите од туѓите грешки. Па, погледнете за што се каат овие луѓе кои се наоѓаат во нивните триесетти години.

Луѓе во 30-тите години споделуваат за што жалат во врска со нивните 20-ти

1. Бидете храбри

„Жалам што не им пристапував директно на оние кои ми се допаѓаа. Тогаш немав самодоверба.“

2. Грижете се за вашето здравје

„Би сакала повеќе да се грижев за себе. Дозволив да ја зголемам својата тежина, игнорирав некои проблеми со забите и не се грижев за моите финансии како што би требало. Не сфаќајте ме лошо. Сега имам 31 година и овие проблеми не ме поразуваат, но болката е многу поголема во споредба со тоа колку напор требаше да вложам за да не дозволам тие да станат проблем.“

3. Не трошете ги парите како да се вода (затоа што не се)

„Жалам што не заштедив повеќе пари, а уште поважно, жалам што западнав во долгови. Тоа речиси ме убива во моите 30-ти години. Секако, некои од нив беа потребни, но многу кредитни картички беа некорисни.“

4. Грижете се за оние околу вас

„Ако имате баба и дедо, јавете им се. Секогаш кога ќе му се јавам на мојот дедо, неговата недела станува поубава. Знам дека нема останато уште многу пријатели и се чувствувам лошо што не зборувам многу со него.“

5. Вклучете се во повеќе спомени

„Имам многу фотографии кои ги фотографирав додека бев во војска. Имам од Аризона, Германија, Франција, Австрија, Италија, Велика Британија, Кувајт, Ирак, Романија, Авганистан и уште неколку места што заборавив да ги споменам. А од стотици фотографии, јас сум на помалку од 10%.“

6. Не живејте го животот според премногу наметнати свои правила

„Имав многу правила против состанувањето. Одбивав врски со соученици во училиште и колеги на работа. Сфатив дека избегнувањето одредени ситуации елиминира многу можности за состанување.“

7. Не прифаќајте ја секогаш лесната опција

„Направете нешто тешко кога сте млади. Придружете се кон нешто поголемо од вас. Изгубете се себеси во нешто тешко и неудобно и ќе откриете каде се вашите граници. Исто така ќе откриете дека можете да се справите и да преживеете многу повеќе отколку што сте мислеле.“

8. Не плашете се да бидете целосно независни

„(Жалам) што не живеев сам. Секогаш имав цимер или живеев со мојата вереница/сопруга. Силно верувам дека пропуштив да откријам одредено ниво самостојност што никогаш нема да го откријам во иднина. Тоа не е најлошото нешто во светот, но чувствувам дека би можело да придонесе за мојот раст.“

Преминете на наредната страница за да прочитате повеќе исповеди…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар