30 едноставни начини на кои можете да се релаксирате (без да одите на одмор)

30 едноставни начини на кои можете да се релаксирате (без да одите на одмор)

Сигурно со подобрувањето на времето веднаш почнавте да размислувате и за летниот одмор. Но, имате толку многу незавршени работни обврски… Погледнете ги наредниве неколку трикови кои со сигурност ќе ве одржуваат релаксирани и свежи по работата сѐ до вашиот летен одмор.

30 едноставни начини на кои можете да се релаксирате (без да одите на одмор)

1. Симнете го часовникот од раката, бидејќи времето после работа е резервирано само за вас.

2. Исклучете ги сите електронски направи, вклучувајќи го и мобилниот за да го ослободите и вашиот ум.

3. Прошетајте се во парк на свеж воздух. Или џогирајте.

4. Пешачете полека, чувствувајте го секој чекор и уживајте во ветрот.

5. Набљудувајте ги дрвјата, цвеќињата и небото. Забележете ја убавината на природата.

6. Фокусирајте се на песната на птиците и игнорирајте ја останатата бука.

7. Влезете во продавница или бутик во кој никогаш претходно не сте биле.

8. Купете свежа и здрава храна.

9. Организирајте собир со вашите најблиски пријатели. Договорете се да играте нешто забавно, како асоцијации.

10. Одете си дома по различни патишта.

11. Возете бавно. Набљудувајте го градот околу вас.

12. Пејте заедно со радиото. На целиот глас.

13. Разговарајте со вашите соседи.

14. Завршете ги вашите домашни обврски.

15. Наводнете ги вашите цвеќиња и забележете колку многу пораснале.

16. Подгответе вечера за вашето семејство и сите заедно вечерајте.

17. Експериментирајте со нови рецепти.

18. Вечерајте нешто лесно или пак, вегетаријанско.

19. Наполнете ја кадата со топла вода, запалете свеќи, пуштете тивка музика и уживајте.

20. Поиграјте си со вашето домашно милениче. Животните секогаш пренесуваат позитивна енергија.

21. Гледајте филм. Одберете некоја добра комедија која ќе ве насмее до солзи.

22. Прочитајте книга.

23. Земете молив и празен лист хартија и почнете да го цртате првото нешто што ќе ви падне на ум.

24. Почнете да водите дневник.

25. Побарајте масажа со масло од билки од некоја ваша блиска личност.

26. Излезете на тераса или во двор и набљудувајте ја месечината.

27. Препуштете ѝ се на музиката на инсектите.

28. Медитирајте.

29. Испијте една чаша топло млеко или смирувачки чај.

30. Легнете си порано. Никогаш не ја потценувајте моќта на добриот сон.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар