30-дневен предизвик за трансформација и созревање

30-дневен предизвик за трансформација и созревање

Секоја година учиме нови нешта, правиме грешки, се соочуваме со неуспех, но понекогаш и успеваме. Често изгледа како животот само да ви поставува сопки, но ако работите напорно можете да напредувате многу. Овој 30-дневен предизвик за трансформација ќе ви помогне да стигнете до посакуваната цел. Постојат и слободни денови во кои можете да надополните во случај да се испуштиле некоја задача. Погледнете како изгледа предизвикот.

Прва недела

30-дневен предизвик за трансформација и созревање

Првата недела е за стекнување важни навики и одредување на нештата што ќе ви помогнат да го извлечете најдоброто од секој ден.

Прв ден: Оставете ја целата година зад вас. Сигурно ви се случиле многу работи, веројатно сте се соочиле со многу предизвици, но доколку се надевате на напредок важно е сето ова да го оставите зад вас.

Втор ден: Поставете цели за годината, или обновете ги доколку веќе ги имате. Што сакате да направите? Ако не ја знаете вашата вистинска цел, нема да стигнете далеку.

Трет ден: Поделете ја целта на помали цели и користете неделен систем за да го следите вашиот напредок.

Четврти ден: Запишете ги важните нешта што ќе ви бидат потребни за вашата цел. Големи се шансите дека немате сè што ви е потребно. Овде спаѓаат работи како вештини, контакти и слично.

Петти ден: Направете табла на која ќе ги претставите целите и обврските.

Шести ден: Почнете да пишувате дневник.

Седми ден: Слободен

Втора недела

30-дневен предизвик за трансформација и созревање

Втората недела е за надворешниот свет, за оптимизирање на вашето опкружување со цел да ги зголемите фокусот и продуктивноста.

Осми ден: Разбудете се половина час порано. Дури и ако нема што да правите, будењето рано ќе направи да се чувствувате одлично и ќе ве подготви за претстојниот ден.

Деветти ден: Направете утринска рутина. Отидете чекор понатаму и пронајдете го ритуалот со којшто ќе го започнувате секој ден.

Десетти ден: Направете ноќен ритуал. Одредете кога точно ќе си легнувате и што ќе правите пред спиење за најдобро да се подготвите за утрешниот ден.

Единаесетти ден: Намалете го гледањето телевизија или целосно ослободете се од таа навика. Доколку не можете да се откажете од омилените серии, тоа е сосема во ред. Важно е да го ограничите времето поминато пред телевизор.

Дванаесетти ден: Исчистете го телефонот од апликации. Веројатно имате многу од нив кои не ви требаат или само ви го одвлекуваат вниманието.

Тринаесетти ден: Исчистете ги социјалните мрежи. Тие одземаат најмногу од вашето време, па обидете се да го намалите бројот на социјални мрежи што ги користите.

Четиринаесетти ден: Слободен.

Трета недела

30-дневен предизвик за трансформација и созревање

Третата недела е за внатрешно прочистување. Со ова ќе ја зголемите креативноста, перформансот и фокусот, а ќе го намалите стресот.

Петнаесетти ден: Медитирајте 5 минути. Обидете се да го направите ова секојдневна навика.

Шеснаесетти ден: Пробајте некоја логичка игра. Овие игри се одлични за развивање на когнитивните функции.

Седумнаесетти ден: Пронајдете техника за смирување.

Осумнаесетти ден: Почнете да вежбате. Важно е да најдете рутина што ви одговара и што ќе сакате да ја правите.

Деветнаесетти ден: Пробајте да ја користите техниката Помодоро на работа.

Дваесетти ден: Нека ви стане навика прво да ги завршите проблематичните задачи. Потребен е ред и логика во вашето работење. Ова ќе има влијание на вашата продуктивност и креативност.

Дваесет и први ден: Слободен.

Четврта недела

30-дневен предизвик за трансформација и созревање

Четвртата недела е за подобрување на знаењето, вештините и другите аспекти од вашиот карактер.

Дваесет и втори ден: Почнете со читање. Можете да читате стручна литература со цел да напредувате, а можете да одберете и некој роман.

Дваесет и трети ден: Почнете да слушате мотивациони говори и аудио книги. Доколку немате време за читање, ова е одличен начин да го збогатите вашето знаење.

Дваесет и четврти ден: Побарајте личност или група со слични верувања и размислувања како вас. Од голема корист ќе ви биде да познавате личност која е во вашата професија или има слични размислувања како вашите.

Дваесет и петти ден: Направете едно нешто од коешто се плашите. Излегувањето од зоната на удобност е вештина што треба да ја развиете, а ќе ви служи многу.

Дваесет и шести ден: Слободен.

Дваесет и седми ден: Најдете личност што може да ви помогне да напредувате во кариерата. Важно е да создавате професионални врски. На повеќето луѓе им е навистина тешко да контактираат вакви луѓе, но откако ќе го направите првиот чекор, нештата стануваат полесни.

Дваесет и осми ден: Направете нешто добро. Можеби ова е поразлично од задачите за оваа недела, но ќе направи да се чувствувате многу добро. Направете добро дело за некого без да очекувате нешто за возврат.

Дваесет и деветти ден: Слободен.

Ова ви е одлична можност да започнете наново. Доколку навистина сакате да забележите напредок, потребни ви се напорна работа, упорност и истрајност.

Погледнете и кои се 8-те правила за успех.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар