30-дневен предизвик за поголема љубов кон самите себе

30-дневен предизвик за поголема љубов кон самите себе

Многу често, потиснати од лошите и негативни мисли, забораваме да се цениме самите себе. Но еве една интересна вистина, доколку не се сакаш и цениш самиот, не очекувај да те сака или цени некој друг. На пример, во целата бркотница која излегла во последен момент пред да тргнете на одмор, за себе изреволтирано ќе помислите дека сте неорганизирани, за ништо не ве бива и не можете ни еден одмор да испланирате како што треба. Во тој момент ќе заборавите колку вашето тело изгледа супер бидејќи напорно сте вежбале изминатиот месец, или како до совршенство сте го организирале претходниот одмор.

30-дневен предизвик за поголема љубов кон самите себе

Кога сте задоволни со самите себе и со вашите успеси, ќе живеете подобар и посреќен живот. Како да ги отстраните негативните мисли? Како да почнете повеќе да се цените себеси? Еве еден предлог. Ве предизвикуваме во наредните 30 дена да го исполните ова и да почнете повеќе да се цените себеси поради квалитетите кои ги поседувате!

Утринска рутина

Земете голем хамер, нотес, лист, стикери за белешки, сеедно, и закачете го/ги над вашиот кревет или до огледалото. Колку и да звучат излитени советите за закачување ливчиња до вашето огледало, навистина помагаат. Секој од нас почувствувал недостаток на самодоверба и сите заслужуваме можност да ја покачиме вербата во себеси.

Во наредниов еден месец, првата работа што ќе ја правите наутро е запишувањето на една ваша добра карактеристика или постигнување. На пример, минатата година имав проблем со исхраната, но зазедов цврст став и започнав да се хранам здраво – успеав! Или, навистина сум комуникативен/на, во секоја ситуација и со секаков човек можам да имам содржаен и продуктивен разговор! Може да биде и пократко, како на пример, изгледам убаво кога ќе станам од спиење. Секое утро ќе се соочувате со овие ваши карактеристики, овие ваши позитивни страни и доживеани успеси, и секогаш ќе бидете свесни дека се вистина, и дека навистина тоа сте вие, а вие сте и тоа како одлични!

30-дневен предизвик за поголема љубов кон самите себе

Три цветови

Нацртајте три големи цветови. Едниот нека биде за семејството, другиот за пријателите и третиот за вас. Во секој лист од цветовите запишете име на некој од членовите на вашето семејство или пријателите и некоја негова/нејзина добра карактеристика. На пример, татко ми е многу амбициозен и успешен човек. Или, мојата пријателка е вистински оптимист, сè гледа низ призмата на розовото; мајка ми има цврсти ставови и погледи кон животот итн. Многу често се поистоветуваме со личностите кои ни се блиски, се огледуваме на нив или попримаме нивни особини.

Во третиот цвет, на секое ливче запишете некоја од претходно наведените карактеристики која и вие сте ја попримиле. Како на пример, токму татко ми влијаеше на тоа и јас да станам амбициозна и успешна личност. За многу брзо целата таа ситуација во која недоволно сте се ценеле себеси ќе ви изгледа глупава и нелогична.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар