3 знаци коишто укажуваат дека сосема сте се одрекле од самите себеси
Доколку се чувствувате осамено, празно, анксиозно, депримирано, повредено, гневно, љубоморно, тажно, исплашено, виновно или засрамено, тогаш голема е веројатноста дека сте се одрекле од сами себеси.
Според светскиот речник по англиски јазик „Encarta“ зборот „Abandon“ (одрекување, напуштање) означува да напуштите некого или нешто и да оставите другите луѓе да се грижат за тој некој или тоа нешто, особено ако тоа требало да биде ваша лична одговорност.
Кога сме деца, родителите и семејството се грижат за тоа да бидеме добри и здрави, но кога ќе пораснеме, нашата добросостојба е наша лична одговорност и ничија друга. Ако сте се одрекле од самите себе, веројатно се трудите да направите другите луѓе да се чувствуваат одговорни за вас, а после извесно време се чувствувате како сите да ве напуштиле, бидејќи тие веќе нема да можат да се грижат за вас и не можат да преземаат одговорност за вас.
Кога сте возрасни личности, друг човек не може да ве напушти, бидејќи тој/таа не се одговорни за вас. Може да се напушти бебе, лице коешто боледува од некоја болест или старо лице – односно некој којшто не може да се грижи за себеси. Но, доколку сте физички здрава личност, другите луѓе можеби можат да си заминат од вашиот живот, но не можат да ве напуштат. Само вие самите можете да се напуштите себеси.
Еве кои се начините на коишто можете да се одречете од самите себеси:
1. Се осудувате самите себе
Колку често ви се случува да се судите самите себеси со коментари од типот:
„Ти не си доволно добар/ра. Не знаеш да се вклопиш. Не си доволно паметен/на. Не изгледаш добро. Не си доволно атрактивен/на. Ако не успеа, тогаш сигурно не те бидувало за тоа. Ако друга личност те одбие, веројатно не си доволно добар/ра. Твоја вина е што се случи тоа и тоа… Не вредиш за ништо. Ти си неуспех! Не успеваш да го искористиш својот потенцијал на никаков начин итн…“
Само малите деца се чувствуваат осамено и напуштено кога родителот со нив се однесува грубо и ги критикува. Возрасните лица не се чувствуваат така, освен ако се немаат откажано од самите себе. Доколку сте од овие вториве, тоа значи дека детето длабоко во вас се чувствува само и напуштено, бидејќи се осудувате самите себеси. Самокритикувањето не само што создава внатрешни емоции на осаменост и празнина, туку креира и анксиозност, депресија, гнев, болка, страв, вина и срам.
2. Ги игнорирате вашите емоции
Кога се чувствувате само, празно, анксиозно, депримирано, гневно, љубоморно, исплашено, виновно или засрамено, што преземате околу тоа? Дали им обрнувате внимание на вашите емоции? Дали истражувате што си кажувате и што си правите на себеси за да го предизвикате нивното појавување? Или можеби ги игнорирате, останувајќи фокусирани на тоа што ви се случува во главата, наместо на телото? Дали избегнувате да ги чувствувате тие емоции, со помош на некое однесување коешто создава зависност, како на пример консумирање нездрава храна, пиење алкохол, пушење цигари, користење дрога, екстремно гледање ТВ, прекумерно работење, прекумерно трошење пари на шопинг, предолго седење на Интернет, имање премногу сексуални односи итн.?
Секојпат кога ги игнорирате вашите емоции или станувате зависни од нешто, вие се одрекувате од самите себе. Кога ова ќе се случи, честопати се случува да го проектирате ова себенапуштање кон другите луѓе, а потоа се чувствувате дека сте напуштени од нив или од Господ. Сепак, доколку сте физички и психички здрава личност, треба да знаете дека ова напуштање е предизвикано од самите вас, а и голем број други болни емоции коишто ги чувствувате исто така си ги имате самите вие предизвикано, а не некој друг.
3. Правите другите да се одговорни за вас
Ако почнете да се осудувате самите себеси и да ја игнорирате болката којашто сте си ја нанеле самите, ви ја нанеле другите или ви ја предизвикале настаните во животот, голема е веројатноста дека ќе ги очекувате од другите луѓе љубовта и одобрувањето, коишто самите на себе не си ги давате. На вашето внатрешно дете, односно делот од вас којшто чувствува емоции, му е потребна љубов, внимание и потврда. На секој од нас му се потребни љубов и утеха и од другите луѓе, но кога ќе се одречете од самите себе со помош на вашата самокритичност и игнорирање на емоциите, тој повреден детски дел од вас, очекува од другите да бидат цело време покрај вас на очајнички начин, којшто може да ги оттргне другите од вас.
Бидејќи на детето во вас очајно му треба љубов, голема е веројатноста дека ќе станете манипулативни за да ја добиете таа љубов од другите, преку искажување гнев, обвинување или пак ќе станете премногу љубезни и согласни и ќе правите сè како што треба, за да ги задоволите сите. Меѓутоа, вистината е дека колку повеќе правите другите луѓе да бидат одговорни за вас, барате постојано да ви ја докажуваат нивната љубов и да ви го даваат вниманието и одобрението што ви се потребни, толку повеќе вашето внатрешно дете ќе се чувствува напуштено, што води кон создавање зависности, коишто само моментално ќе ја пополнат вашата празнина и ќе ви помогнат да ја избегнете болката предизвикана од вашето напуштање на сами себе.
Заклучок: Единствениот излез од оваа агонија, е да започнете да практикувате поврзување со самите себеси. Тоа значи обрнување внимание на вашите емоции и фокусирање на вашето внимание кон внатрешноста на вашата психа, а не само на вашето физичко, надворешно тело. Секој момент кога ќе се почувствувате лошо, свесно одлучете дека сакате да дознаете кој е одговорен што вие ги чувствувате тие емоции и потоа почнете да забележувате што мислите или правите за да ја предизвикате таа болка. Болните емоции коишто произлегуваат од вашите мисли, е во суштина само вашиот внатрешен водич, којшто ве известува дека она што го мислите не е вистина и не ви причинува ништо добро. Длабоко навлезете во себеси и запрашајте се „Која е вистината?“ и забележете како се чувствувате и кажете си ја вистината, наместо да се осудувате и игнорирате себеси и да ги правите другите луѓе одговорни за вашите емоции.
Прочитајте ги и овие 30 работи кои треба да престанете да си ги правите себеси.