3 знаци дека не сте вљубени во партнерот, туку се плашите да останете сами

3 знаци дека не сте вљубени во партнерот, туку се плашите да останете сами

Мора да признаеме дека есенските и зимските месеци се како создадени за љубов. Сингл луѓето ги обожаваат, но и се плашат од нив. Прекрасна е идејата дека ќе шетате по снегот со саканата личност, а вечерите ќе ги поминувате заедно склопчени во топла прегратка. Но, помислата дека постои можност овие студени месеци да ги поминете сами предизвикува чувство на страв и осаменост.

3 знаци дека не сте вљубени во партнерот, туку се плашите да останете сами

Стравот од осаменост може да нѐ натера на глупави работи, како на пример да продолжиме да се гледаме со дечкото со кого знаеме дека нема да ја дочекаме следната Нова година. Но, за многумина пострашно звучи да ги поминат празниците сами, отколку да заглават во бесмислена врска. Бројот на луѓето кои остануваат во врска само затоа што се плашат да бидат сами е многу голем. Тие се свесни дека моменталниот партнер не е вистинскиот, но стравот од осаменост е толку силен што продолжуваат да се обидуваат и да се надеваат дека порано или подоцна ќе почувствуваат љубов.

Понекогаш, ваквиот начин на размислување не се одвива на свесно ниво и можеби ни самите не забележувате дека се гледате со некого бидејќи се плашите да бидете сингл. Прочитајте ги следниве знаци на предупредување кои ќе ви помогнат да сфатите дека не сте вистински вљубени во партнерот, туку се плашите да останете сами…

1. Постојано се надевате дека тој ќе се промени

Сите луѓе понекогаш се обидуваат да го „поправат“ партнерот. Но, ако премногу долго се обидувате да внесете некаква промена во неговото однесување или во вашите сопствени чувства, тоа нема да ви донесе ништо добро. Многумина мислат дека со текот на времето нивниот партнер ќе се промени, ќе стане попосветен на врската, ќе има повеќе разбирање и безусловно ќе ја покажува љубовта. Меѓутоа, честопати не доаѓа до посакуваната промена, а тоа доведува до фрустрација и разочарување. Подобро е да го напуштите бродот што тоне и да запливате во морската шир додека сѐ уште имате шанса.

2. Вашите пријатели ве нарекуваат сериски моногамист

Дали имате пријателки чиј љубовен живот наликува на играта „музичко столче“? Постојано преминуваат од еден на друг партнер, без да направат пауза помеѓу врските. Или можеби вие ја имате истата навика? Ваквото однесување може да предизвика многу проблеми, бидејќи немате време да размислите, да сфатите каде сте погрешиле и што треба да смените во наредната врска.

3 знаци дека не сте вљубени во партнерот, туку се плашите да останете сами

Постојат многу причини зошто некои жени имаат потреба постојано да бидат во врска. Сите се сведуваат на страв и несигурност. Жените кои не се чувствуваат физички, емоционално и финансиски сигурни, секогаш се обидуваат да најдат партнер. Тие ги потиснуваат нивните вистински чувства и одбегнуваат да се соочат со нив, криејќи се зад маската на сериски моногамисти. Дали имавте доволно време да размислите за вашата последна љубовна врска? Треба да се навратите на неа и да сфатите што би промениле, за да можете да ја започнете наредната врска попаметни и посигурни во себе.

3. Имате резервен план

Сигурно ви се случило да одговорите со „можеби“ на нечија покана за излегување или забава. Не сте одговориле потврдно бидејќи се надевате дека ќе ви се појави подобар избор. Истото се случува и кога се плашите да останете сами. Жените кои се плашат да бидат сингл не ја прекинуваат врската, сѐ додека не се појави подобра опција. Новата врска служи како мост што овозможува излез од моменталната врска која не функционира повеќе. Дали имате еден куп момци што ги чувате како резерва во случај да останете сингл? Тоа воопшто не е фер спрема нив. Тоа значи дека ги користите како „закачалки“ за да си го исполните празниот простор помеѓу врските. Доколку забележите дека постојано ви треба некој со кој ќе флертувате, ќе се допишувате или ќе разговарате, запрашајте се дали го искористувате дечкото само за да си го пополните времето.

Никој не сака да признае дека ја одржува врската само затоа што се плаши да остане сам. Обидете се да бидете искрени кон самите себе, бидејќи само на тој начин ќе можете да живеете слободно и среќно. Еден ден, кога најмалку ќе очекувате, ќе се појави вистинскиот за вас и најдобро е да го дочекате подготвени и сигурни во себе.

Во продолжение прочитајте зошто не треба да се заљубите во моментите кога сте осамени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар