3 знаци дека ги одбивате мажите
Можеби не ви е проблем да ги привлечете мажите, но на крајот секој маж ве напушта. Ова може навистина да ве повреди бидејќи е еден вид одбивање, а никој не сака да биде одбиен. Иако на сите им е јасно дека не можете да ги привлекувате сите мажи, истовремено сакате да бидете сигурни дека не ги одбивате добрите. Па, погледнете ги знаците што ќе ви покажат дека можеби несвесно ги одбивате мажите.
1. Му ја земате улогата
Живееме во општество каде што жените навистина ја промениле нивната традиционална улога. Ова е одлично, но како резултат, многу мажи сè почесто се чувствуваат помалку „машки“. Сепак мажите секогаш ќе имаат разни улоги во светот и во врските, а кога ќе се обидете да ја преземете таа улога на врската ѝ се ближи крај.
2. Вие сте вашиот најлош пријател
Без разлика дали станува збор за товар од детството или минатите врски, не можете да очекувате партнерот да остане со вас ако се саботирате самите. Добриот маж нема да ве напушти без причина. И иако е навистина тешко да си признаете дека понекогаш вие сте проблемот, важно е да се соочите со тоа.
3. Вашите реакции ви ја запечатуваат судбината
Дали ви кажале дека сте несигурни, барате премногу и слично? Навистина е болно да ги слушнете овие зборови, најмногу бидејќи најверојатно не сте такви. Но сите можеме да дозволиме да нè надвладеат емоциите. Мажите буквално ги сфаќаат реакциите на жените. Дури и кога не го мислите кажаното, голема е веројатноста партнерот да го сменил мислењето за вас. Обидете се да ги контролирате вашите реакции и добро размислете пред да кажете нешто.
Добриот маж ќе биде подготвен да ве направи среќни, но не можете да го очекувате тоа ако не му возвраќате исто.
Пробајте ги овие трикови со кои ќе го привлечете машкото внимание.