3 животни вештини што не се учат на училиште, а без кои не можете да преживеете

3 животни вештини што не се учат на училиште, а без кои не можете да преживеете

Училиштата се установи во кои се специјализираме за одредена област од животот од која сакаме да заработуваме, но често токму оние клучните вештини што ни се потребни најпрво за преживување, а потоа и за успех, целосно се занемаруваат. Во продолжение следуваат трите клучни вештини што ниту едно училиште не ги развива, а би требало, бидејќи се важни за животот надвор од училишните клупи.

3-zhivotni-veshtini-shto-ne-se-uchat-na-uchilishte-a-bez-koi-ne-mozhete-da-prezhiveete-www.kafepauzaz.mk

1. Управување со времето

Управувањето со времето е една од клучните животни вештини, но ниту едно училиште не овозможува детални лекции на оваа тема. Никој нема да ви даде модел или образец по кој треба да управувате со времето, па затоа обрнете внимание на следниве совети.

Најпрво, многу е важно да се ослободите од лошите навики како што е одложувањето. Исто така треба да ги ставите зад себе и сите оние навики што ви одземаат време, а за возврат не ви даваат ништо. Потребно е и да ги елиминирате активностите што не ви ги даваат резултатите што ги посакувате.

2. Управување со финансиите

Дури и оние што завршиле факултет во областа на финансиите не знаат како правилно да управуваат со парите во секојдневието. Тие теоретски ги разбираат големите трансакции и нивните форми, но немале прилика да преземат одговорност за себе.

Исто како и со управувањето на времето, управувањето со парите во голема мера влијае на целиот живот. Најпрво, многу е важно да бидете свесни каде ви одат сите пари, до последниот денар. На овој начин ќе можете поефикасно да ги распределувате финансиите. Потоа потребно е да создадете соодветен лимит за трошење и секако, да започнете со штедење (барем 10% од вашата месечна заработка да се трга на страна).

3. Техники за преживување

Иако некои училишта обработуваат некои теми во оваа област, денес ретко се наоѓа човек што би можел да преживее подолго време во дивина, без помош од други луѓе или технологија. Градењето засолниште, навигацијата, првата помош, како и користењето растенија и животни за опстанок во непозната средина е многу важно да се знае, бидејќи животот е непредвидлив.

Доколку ги знаеме основите за преживување во дивина, ние исто така и многу полесно ќе се снаоѓаме во секојдневниот живот, а на тој начин и ќе си ги олесниме деновите. Токму затоа и не испуштајте ниту една шанса да научите нешто повеќе на оваа тема, без разлика дали е со читање и потоа вежбање, или пак, со патување и снаоѓање во различни култури. Кога учите како изгледа животот без технологија, почнувате да се вреднувате и повеќе да го цените секојдневието.

Прочитајте ги и овие 5 причини коишто покажуваат дека училиштето не ве подготвува за реалниот свет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар