3 женски карактеристики на кои мажите не можат да одолеат

3 женски карактеристики на кои мажите не можат да одолеат

Секоја девојка, која ќе наиде на момчето од нејзините сништа, е подготвена да направи буквално сè за да го освои и задржи покрај себе. Некои веруваат дека патот до срцето на еден маж, води преку неговиот стомак, па се обидуваат да станат најдобрите готвачки на свет, а некои го доведуваат својот изглед до совршенство… Вистината е дека секоја врска се заснова на давање и земање, па најчесто колку ќе дадете, толку и ќе добиете. Но, сепак главното нешто што девојките ги прави неодоливи или одбивни за момците се нивниот став и односот, како кон нив, така и кон животот, воопшто. Момците едноставно не можат да одолеат на девојките кои имаат изградено цврсти ставови во однос на овие три прашања.

(1) 3 женски карактеристики на кои мажите не можат да одолеат

1. Девојки кои не дозволуваат да им се ограничуваат чувствата

Овие девојки едноставно не прифаќаат партнери кои ги ограничуваат нивните и своите чувства и од кои не го добиваат потребното внимание и љубов. Мажите особено ги почитуваат жените кои на еден ненаметлив начин даваат до знаење дека сакаат да бидат во центарот на нивното внимание. Тоа може да го постигнете преку искрен разговор, во кој отворено ќе си ги кажете вашите потреби и начинот на кој ја гледате вашата врска. Никогаш не поставувајте ултиматуми. Со тоа му давате до знаење дека имате изградено мислење за работите и дека продолжувате понатаму, со или без него. Мажите едноставно ги обожуваат жените кои точно знаат што сакаат од својот љубовен живот, без здодевната колебливост и несигурност, којашто многу често може да биде причина за прекин на врските. Дајте му до знаење кои се вашите потреби. Мажите сакаат кога знаат што точно се очекува од нив.

(2) 3 женски карактеристики на кои мажите не можат да одолеат

2. Девојки кои не толерираат неприфатливо однесување

Оваа девојка никогаш нема да остане во врска во која е злоупотребувана, навредувана и во којашто нејзиниот морал е ставен под знак прашалник. Овие девојки не сакаат да се дружат со момци кои немаат убаво однесување и манири. Интегритетот и довербата ѝ се најважни и таа отворено ќе разговара околу овие прашања со својот партнер. Основата на ваквиот став, кој е неодолив за повеќето мажи, е развиеното здраво чувство на самодоверба. Во една врска, првиот човек за кој треба да се грижите сте вие. Овие девојки си ги знаат своите граници и не дозволуваат никој да ги прекршува нивните правила.

(3) 3 женски карактеристики на кои мажите не можат да одолеат

3. Девојки кои не ја ограничуваат слободата на своите партнери

Ова се девојки кои знаат да ја почитуваат пред сè својата слобода. Тие никогаш не го држат својот партнер настрана од работите кои му причинуваат задоволство и не го „гушат“ со непотребни изливи на љубомора. Мажите едноставно обожуваат девојки кои се свесни дека нивните партнери се возрасни луѓе и оти имаат свои потреби да донесуваат одлуки. Овие девојки знаат дека колку повеќе ограничувања му поставуваат, толку повеќе нивниот партнер ќе се затвора и оддалечува од нив, што на крајот може да заврши со прекин на врската. Таа не само што му дозволува да ги оствари своите сништа, туку и му помага на патот до успехот. Паметните девојки му даваат слобода на својот партнер да биде она што е, секако во рамки кои се во граници на нормалата и не ги повредуваат нејзините чувства. Овие девојки се особено возбудливи за мажите и едноставно не можат да одолеат на нив, затоа што сонот на секој маж е без никаков проблем да може да испие понекогаш некое пиво сам со другарите, да оди на натпревар, да ја гледа омилената серија…

Преку ова ваше однесување, вие му давате до знаење дека станува збор за жена со силно развиено чувство за своите желби и потреби и дека не барате маж да ве направи среќна, туку барате еднаков партнер кој ќе ве следи во чекор. Мажите сакаат жени кои се одговорни за својата среќа и својот живот, воопшто.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар