3 закони што ќе ви помогнат да ја вратите рамнотежата во вашиот живот
Со наоѓање на центарот на вашите тело и дух ќе создадете нов свет и ќе се поврзете со универзумот. Центарот ги одредува вашето постоење и вашиот живот сочинет од настани и случувања. Можете да ја вратите изгубената рамнотежа ако почнете подеднакво да ги користите емоциите и интелектот. Станете личност што цврсто стои на земјата со помош на овие едноставни совети.
1. Отворете се за нови искуства
Кога сте затворени во себе и во вашиот безбеден свет, сè околу вас умира и престанувате да живеете. Штом умот се подготвува за нешто непознато, ќе се разбуди и животот. Како што медитацијата ја отвора свеста, вашиот ум ќе почне да се подготвува за нови искуства.
2. Станете свесни за незнаењето
Кога ќе станете свесни за вашето незнаење и ќе направите простор за ново знаење, вашето его исчезнува. Знаењето претставува само збир од информации, а додека во процесот на учење стануваме отворени за нови нешта и за живеење во сегашниот момент.
3. Живејте сега
Минатото се состои од сеќавањата, а иднината ја сочинуваат желбите. Секогаш имате само еден момент и бидете подготвени да го фатите. Доколку го испуштите ќе ви остане само илузијата на минатото и иднината, нешта што всушност не постојат.
Погледнете и како да воспоставите рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот.