3 загрижувачки опасности од медитација на кои треба да внимавате

3 загрижувачки опасности од медитација на кои треба да внимавате

Медитацијата има огромно значење за човечкото здравје и е докажан метод за намалување на депресијата. Едно истражување спроведено на Оксфордскиот универзитет покажало дека со умствена медитација депресијата може да се намали за дури 44%. Со други зборови, медитацијата има исто влијание како антидепресивите.

Но, како и многу работи во животот, постојат потенцијални опасности поврзани со медитацијата за кои никогаш не сте чуле. Не се плашете од овие опасности, туку напротив, внимавајте на нив.

a meditation class in mindfulness

1. Може да се чувствувате празно и исплашено

Доктор Флоријан Рутс, психијатар во болницата Мозли, во западен Лондон го истражувала дејството на умствената медитација и открила загрижувачки вести. Имено, се појавиле случаи на „деперсонализација“ т.е. некои од луѓето кои медитирале започнале да се чувствуваат како да се гледаат себеси во филм. Кај некои луѓе тоа довело до тешки чувства на самотија и празнина, па дури и страв.

Оваа негативна последица на медитацијата е важно да се знае бидејќи ако ви е дијагностицирана клиничка депресија или анксиозност, првата терапија што ќе ви ја предложат е когнитивна мисловна терапија т.е. умствена медитација.

2. Може да го промени начинот на кој размислувате и да ги намали вашите социјални вештини

Овде станува збор за проектот „The Dark Night“ спроведен на Универзитетот Браун во Сад, кој покажува како некои будисти при медитација биле „нападнати“ од трауматични спомени. Професорката Вилоуби Бритон, психијатар и главен истражувач на проектот, забележала необични проблеми кај будистите кои медитираат, како когнитивни, перцептивни и сензорни абнормалности.

Еден од будистите кои учествувале во проектот, Шинзен Јанг, овој феномен го опишал како „неповратна глетка во празнина“ и „злобниот брат-близнак на просветлувањето“. Друг човек кој ги почувствувал негативните ефекти на медитацијата објаснува дека поминал низ „психолошки пекол“, а трет пак дека е „уништен засекогаш“.

Но, експертите за медитација кажуваат дека овие реакции се многу ретки. И тие се случуваат после многу долги периоди на медитација како недели поминати во завет со молк. Сепак, овие информации отвораат ново гледиште кон медитацијата и лавината чувства која таа ги носи.

3. Може да станете пасивни, обесхрабрени и покорни

Медитацијата е начин за смирување, продлабочување и запознавање на себеси. Но, умствената медитација според нејзината оригинална будистичка традиција многу повеќе се фокусира на човечкото здравје, притоа намалувајќи ги нивоата на стрес и страдањето на нашето срце и мозок. Секако дека има ситуации каде што не можеме ништо да промениме и од витална важност е да се смириме и да се олабавиме. Но, сепак има моменти кога треба да бидеме лути, нервозни и да сакаме да ги промениме работите.

Ентузијастичкиот пристап кој го нуди медитацијата кој се спроведува низ образованието, кариерата и сите останати полиња на живот може да биде опасен за човекот и неговото здравје. Ваквото користење на медитацијата може да предизвика да станете пасивни, лесно да се обесхрабрувате и да бидете покорни само затоа што сметате дека за ништо не треба да се грижите.

Начинот да се справите со овие и други потенцијални опасности од медитацијата е да ја гледате како животна техника и да не се ослонувате премногу на неа. Медитацијата може да реши многу проблеми, но исто така и да ги создаде. Како што предупредува Бритон, медитацијата не се состои само од мир и спокојност. Таа ви го отвора умот за да видите што има внатре. Само, бидете внимателни, бидејќи така можете да ја отворите вашата сопствена Пандорина кутија на стари рани и трауми за кои можеби ќе ви бидат потребни разни терапии и долго време за да ги надминете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар