3 водечки трендови за шминкање за ова лето

3 водечки трендови за шминкање за ова лето

Летото пристигна и време е да се свртите кон светлите бои и кон некои малку поинтересни начини на шминкање. Оваа сезона, најпопуларно е истакнувањето на очите, како и играњето со формите. Еве кои 3 трендови за шминка ќе доминираат ова лето:

1. Диви веѓи

Полните, густи, разбушавени веѓи се голем тренд во последните неколку сезони. Суштината е во тоа што тие изгледаат природно и малку неуредно, а како такви ѝ даваат карактер и израз на секоја личност.

2. Зелена боја на очните капаци

Ова лето, зелената боја на очните капаци стана голем хит и лесно ќе најдете сенка што ќе одговара на тенот на кожата и на бојата на косата, бидејќи ќе се носат различни нијанси – од смарагдна и зелена боја како бојата на тревата до пастелно зелена и неонска зелена боја.

3. Геометрија

Клучот за овој изглед е бојата што ќе ја нанесете на очните капаци да биде неутрална, односно во бојата на кожата и да ја декорирате со геометриски дезени со ајлајнер во црна или во друга боја по ваш избор. Може да си играте со овој тренд и да комбинирате ајлајнери за очи во неколку бои, да ставите точки, дискретни, тенки или подебели линии.

Погледнете кои модни трендови ќе бидат популарни ова лето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар